• Latest

24 ЧАСА: Претседателските кандидати ја отворија кампањата; Единството на Европа и САД е во НАТО; француската Влада да нема „никакви контакти“ со Русија, препорача Оланд

April 4, 2024

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Претседателските кандидати ја отворија кампањата; Единството на Европа и САД е во НАТО; француската Влада да нема „никакви контакти“ со Русија, препорача Оланд

April 4, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Започна официјалната кампања за претседателските избори

Кандидатите за шеф на државата стартуваат со изборните каравани. Секој со своја програмa и со ветувања дека ќе обединуваат, влегуваат во трка за прибирање што повеќе гласови. Копја на терен, ќе кршат седум кандидати за фотелјата во вила Водно.

На овие избори ќе учествуват актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, а потоа Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска од „Левица“, Арбен Таравари од коалицијата „ВЛЕН“, Бујар Османи од коалицијата „Европски фронт“, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, и Максим Димитриевски од „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Столтенберг: Единството на Европа и САД е во НАТО

-На Европа и се потребни САД за нејзината безбедност. Праведно споделување на тежината е од решавачко значење. Европа троши повеќе, а оваа година повеќето сојузници ќе потрошат најмалку два отсто од БДП за одбрана. На Северна Америка и е потребна Европа. Со НАТО, САД имаат повеќе пријатели и сојузници од која било друга голема сила. Не верувам во самостојноста ниту на САД, ниту на Европа, изјави генералниот секретар на пактот Јенс  Столтенберг, на денешното одбележување на 75-годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Руските агресори го нападнаа градот Харкив со беспилотни летала во текот на ноќта во четвртокот, при што загинаа најмалку четири лица, а беа повредени уште десет, објави на Телеграм градоначалникот на Харкив, Ихор Терехов, пренесува Укринформ.
  • Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска ги повика членките на НАТО да и обезбедат на неговата земја повеќе системи „Патриот“.
  • Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд денеска препорача француската Влада да нема „никакви контакти“ со Русија откако Москва го искористи во свои пропагандни цели телефонскиот разговор меѓу францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну и неговиот руски колега Сергеј Шојгу

КОНФЛИКТИ

  • По смртта на седумте работници на Светската централна кујна (WCK) за време на израелски воздушен напад во понеделникот вечерта, бродскиот конвој со 240 тони не-испорачана хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа е вратен во Кипар.
  • САД најавија дека формирањето на независна палестинска држава треба да се бара преку директни преговори меѓу страните, а не преку Обединетите нации.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми во регионот: Рама најави брендирана воена платформа „Made in Albania“, во Брисел денеска продолжуваат преговорите за српскиот динар; КФОР ја потврди подготвеноста за спречување ескалации на северот на Косово

ИЗБОРНА ХРОНИКА

На првиот ден од кампањата за претседателските избори, дел од кандидатите најавија промовирање и презентирање на изборните програми и отворање на изборни штабови.

Во Скопје денеска беше отворен централниот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во рамките на започнување на изборната кампања.

Бујар Османи, претседателскиот кандидат од ДУИ, денеска на прес-конференција го најави почетокот на караванот на „Европскиот фронт“ на претседателските избори.

Под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ професорката Билјана Ванковска денеска официјално ја започнува кампањата за претседателка на државата.

Со слоганот „Македонија повторно твоја“ кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ја почнува кампањата со митинг пред зградата на Владата.

Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски од Крушево ќе ја почне кампањата за претседателските избори.

Коалицијата „Храбро за Македонија“, предводена од ГРОМ, ПЦЕР и ИНТЕГРА го промовираше Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ, за кандидат за претседател на Северна Македонија на претседателските избори.

Претседателскиот кандидат на коалицијата „ВЛЕН“, Арбен Таравари, вчера ја презентираше претседателската платформа заснована на четири столба.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ