• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Претседателска изборна кампања, слогани и програми; Даштевски демантира дека бил дел од партиски оперативен план

April 4, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Претседателска изборна кампања, слогани и програми; Даштевски демантира дека бил дел од партиски оперативен план

April 4, 2024 14:47
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На полноќ започна изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април. Кампањата ќе трае до полноќ на 22 април. На првиот ден од кампањата, дел од кандидатите најавија промовирање и презентирање на изборните програми и отворање на изборни штабови.

Претседателска кампања

Во Скопје денеска беше отворен централниот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во рамките на започнување на изборната кампања.

Пендаровски најави дека во текот на кампањата до крајот на првиот круг имаат во план да посетат 65 населени места, во сите изборни едници и сите општини во Македонија.

Изборниот караван на Стево Пендаровски ќе започне со централен митинг во Прилеп, а претходно ќе ги посети општините Кривогаштани и Крушево.

Бујар Османи, претседателскиот кандидат од ДУИ, денеска на прес-конференција го најави почетокот на караванот на „Европскиот фронт“ на претседателските избори.

Османи, смета дека неговите искуства и знаења ќе помогнат да се оствари сонот за евроинтеграции. Тој најави дека неговата кампања ќе се води под слоганот на Европскиот претседател и изборната програма „Декалог на Европскиот Претседател“ со број 4.

Под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ професорката Билјана Ванковска денеска официјално ја започнува кампањата за претседателка на државата.

На гласачите им порача да не дозволат да бидат заблудени дека 24 април е предјадење, а главното јадење на 8 мај, нагласувајќи дека имаат можност да гласаат за личности, а не за партии.

Со слоганот „Македонија повторно твоја“ кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ја почнува кампањата со митинг пред зградата на Владата.

Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски од Крушево ќе ја почне кампањата за претседателските избори. Караванот ќе заврши во Струмица на 22 април. Слоганот на кампањата е „Максимум за Македонија“, а програмата ќе биде именувана како „Манифест за Македонија“.

Коалицијата „Храбро за Македонија“, предводена од ГРОМ, ПЦЕР и ИНТЕГРА го промовираше Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ, за кандидат за претседател на Северна Македонија на претседателските избори.

Претседателскиот кандидат на коалицијата „ВЛЕН“, Арбен Таравари, вчера ја презентираше претседателската платформа заснована на четири столба, Северна Македонија интегрирана во регионот и Европа, Северна Македонија производител на безбедност, Северна Македонија правна држава и Северна Македонија консензуална демократија.

Демант на Даштевски

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, демантира дека е дел од било каков партиски оперативен план. Од увидот на спомнатиот документ, евидентно е дека се работи за неофицијален и не-автентичен документ особено што во него е наведен датум 05.12.2024 и истиот предизвикува сомнеж, велат од ДИК за ЦИВИЛ, откако во објавата на СДСМ за „лажните анкети објавени на МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, во оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ се спомнува името на претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Петар Арсовски ги демантира МТВ

Аналитичарот и сопственик на агенцијата „Креатиф“, Петар Арсовски, негира дека тој и неговата агенција имаат какво било учество во спроведувањето на анкетите што се објавуваа(т) во емисијата „Објектив“ на МТВ, како што беше наведено во демантот од МТВ.

 

Подготви: Д. Тахири во соработка со ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ