• Latest

СДСМ обвини дека анкетите на МТВ се лажни и нарачани, ВМРО-ДПМНЕ и ИПИС демантираат и најавуваат тужби

April 3, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

СДСМ обвини дека анкетите на МТВ се лажни и нарачани, ВМРО-ДПМНЕ и ИПИС демантираат и најавуваат тужби

МРТВ ги отфрла сите неосновани напади за професионалноста и објективното известување.

April 3, 2024 15:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ утрово објави документи дека анкетите објавени на Националната телевизија МТВ за рејтингот на партиите се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ реагира откако вчера ПорталХ објави текст со наслов: Пропагандната машинерија на Груевски во рацете на Мицкоски, еве го оперативниот план.

Од СДСМ додаваат дека станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести.

Меѓутоа, во документ што го објави ПорталХ а потоа и СДСМ пишува: Согласно одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оддржана на 05.12.2024 година…, односно на (05 декември 2024).

Дали се работи за печатна грешка, или…?

Документ објавен на ПорталХ, а потоа на социјалните мрежи од СДСМ (3 април 2024)

Од ВМРО-ДПМНЕ го негираат постоењето на такви документи, и бараат СДСМ да се извини за ваквите лаги, во спротивно ќе следи тужба за клевета.

„Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДС(М)“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Образложението на ВМРО-ДПМНЕ е дека „потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните“.

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во соработка со МРТ спроведува серија истражувања во пресрет на претседателските и на парламентарните избори, по углед на соработката која ја имаат водечките светски медиуми и агенции за истражување на јавното мислење за време на изборните процеси во САД и повеќето земји на ЕУ. Оваа соработка е исклучиво врз база на договор меѓу ИПИС и продукцијата која е одговорна за овие емисии на МРТ без притоа да биде инволвирана било каква трета страна, односно друг правен субјект, организација или физичко лице, реагира ИПИС откако СДСМ денеска обвини дека МТВ објави лажни анкети нарачани од ВМРО-ДПМНЕ.

Со жалење можеме да констатираме дека дел од општествените чинители наместо да бидат корективен фактор кој ќе се бори и ќе ги сузбива лажни вести и дезинформации, тие во одредени случаи се и самите креатори или поддржувачи на истите. За изнесените невистини поврзани со ИПИС ќе се преземат сите правни средства кои ни стојат на располагање, вклучително и тужби пред надлежните судови“, се додава во реакцијата од ИПИС.

МРТВ ги отфрла сите неосновани напади за професионалноста и објективното известување.

„Во рамки на емисијата Објектив, се презентира испитување на јавното мислење за прашања поврзани со актуелната политичко–економска состојба и рејтингот на политичките партии. Во истражувањето се вклучени две реномирани агенции (факт кои не се споенува во нападите кон нас) чии сопственици се Петар Арсовски и Владимир Божиновски, а во емисијата учествуваат и реномирани гости од општествено – политичкиот живот во Македонија. Наша определба и цел е ваков тип на емисии да има пред секој изборен циклус во државата“, велат од Уредувачкиот тим на МТВ.

Побаравме изјава од ДИК и претседателот на ДИК, Александар Даштевски, но до објавување на текстот не добивме одговор.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ