• Latest

24 ЧАСА: Пукано кон градоначалникот на Арачиново, две лица повредени; автопатот Кичево – Охрид ќе се гради до 2026; Мијалков излегува од затвор до крајот на годината

April 1, 2024
Фото: Скриншот од видео на British Embassy Kyiv/ X

Велика Британија ѝ порача на Русија да престане со „бесмисленото убивање“ откако беше погодена зградата на Британскиот совет во нападите врз Киjив, кои однесоа најмалку 21 жртва

August 28, 2025

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пукано кон градоначалникот на Арачиново, две лица повредени; автопатот Кичево – Охрид ќе се гради до 2026; Мијалков излегува од затвор до крајот на годината

April 1, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Двајца повредени во вооружена престрелка во Арачиново, мета бил градоначалникот

Две лица се повредени во вооружен напад што денеска попладне се случил во скопско Арачиново. Како што објави МИА, пукано било кон автомобилот во кој се превезувал градоначалникот на оваа општина, Ридван Ибраими. Покрај него, во моментот на пукањето во возилото се наоѓале и неговиот возач и лице вработено во Општината.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во изјава за МИА потврдил дека во престрелката е повреден возачот на градоначалникот, а пукано е и кон лицето вработено во Општината. Засега нема информации за состојбата на градоначалникот Ибраими.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

– Нашата Влада е отворена за дијалог и соработка за да ги оствариме заедничките цели и да градиме посветено општество. Европскиот пат е нашата приоритетна агенда, како и на граѓанскиот сектор, таа цел е во интерес на сите граѓани, а најмногу за обезбедување на квалитетна и просперитетна иднина на нашите млади, за сите идни поколенија на оваа држава, истакна првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ од неговата денешна средба со претставници на граѓански организации насловена „Соработка и дијалог со граѓанското општество – состојби и перспективи“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДЛУКА Собранието на денешната 150-та итна седница со 78 гласа „за“ даде поддршка на предлогот на Владата да се донесе по скратена постапка Предлог законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид. Со овој предлог-закон се бара до крајот на 2026 година да се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид.

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Османи со 10 заложби како претендент за шеф на државата, СДСМ ќе настапи со „Програма за европска иднина“, а ВМРО-ДПМНЕ во коалиција наречена „Твоја Македонија“.

КАМПАЊА Политичките партии кои учествуваат на изборите во среда, ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза.

ПРАВДА Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за условен отпуст на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, со која тој ќе излезе од КПД Струга на 25 декември годинава, а условниот отпуст му се смета до 25 април 2025 година.

ИЗБОРИ ТУРЦИЈА Републиканската народна партија (ЦХП), главната опозициска партија во Турција, победи во Истанбул и Анкара. Со отворени над 90 отсто од гласачките кутии низ Турција, ЦХП води со 37,3 отсто од гласовите, додека АКП, партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, следи со 35,78 отсто.

ДИК Финишира процесот за промоција на кандидатските листи за пратеници од страна на  учесниците на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај. Согласно роковникот за подготовка на изборите, на 2 април на полноќ истекува рокот за нивно поднесување до Државната изборна комисија.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руската православна црква се обидува да формира поширока националистичка идеологија околу војната во Украина и експанзионистичката иднина на Русија, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон во новата проценка на руската офанзивна кампања.

КОНФЛИКТИ

Новата палестинска влада положи заклетва во услови на интензивен меѓународен притисок за реформи на Палестинската национална управа.

Кабинетот, предводен од премиерот Мохамед Мустафа, официјално положи заклетва во неделата пред претседателот Махмуд Абас во Рамала, на окупираниот Западен Брег, според палестинската новинска агенција ВАФА, пренесува Си-Ен-Ен.

*

Илјадници демонстранти, меѓу кои и семејствата на заложниците, се собраа во неделата пред израелскиот парламент, Кнесетот, носејќи знамиња и транспаренти со барање за ослободување на заложниците држени во Газа и оставка на Нетанјаху.

АЛ-ПРЕС

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, денеска упати порака по повод 15 годишнината од членството на Албанија во НАТО. Социјалистичкото мнозинство го поднесе предлогот за формирање на специјална парламентарна комисија, за надзор и борба против дезинформациите и другите форми на странско мешање во демократските процеси во Албанија, пишуваат албанските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

СЛОБОДНА ЗОНА

Води војна против непостоечки „нацисти“, западни „империјалисти,“ а неговите служби не умеат да предвидат дека се спрема тежок терористички напад во главниот град на државата што ја води четвртина век. Толку Путин има врска со реалноста.

Доби дури и предупредување од „непријателите“ (САД) две недели пред да се случи терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“ во која животот го загубија повеќе од 140 луѓе, а беа повредени уште повеќе. Не, на предупредувањето „императорот“ одговори со груба дисквалификација. Рече дека Западот „уценува со намера да го заплаши и дестабилизира нашето општество“ во пресрет на „демократските“ избори (15-17 март).

Ете, толку Путин има врска со реалноста“, пишува Џабир Дерала во колумната „ПУТИН И РЕАЛНОСТА: Руска класика“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ