Екрем Имамоглу, актуелен градоначалник и кандидат од најголемата турска опозициска партија ЦХП, води на изборите за градоначалник во најголемиот град во земјата Истанбул, објавија НТВ и други радиодифузери врз основа на делумно официјално пребројување на гласовите, пренесува Ројтерс.
НТВ соопшти дека Имамоглу има 49,09 отсто со отворени 3,67 отсто од гласачките кутии. Мурат Курум, кандидатот на АК партијата на претседателот Таип Ердоган, која владее на национално ниво, има 42,83%.
М. Пешевска