• Latest

ПУТИН И РЕАЛНОСТА: Руска класика

April 1, 2024

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

ПУТИН И РЕАЛНОСТА: Руска класика

April 1, 2024 09:58
in ES-PRESS-O, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Води војна против непостоечки „нацисти“, западни „империјалисти,“ а неговите служби не умеат да предвидат дека се спрема тежок терористички напад во главниот град на државата што ја води четвртина век. Толку Путин има врска со реалноста.

Доби дури и предупредување од „непријателите“ (САД) две недели пред да се случи терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“ во која животот го загубија повеќе од 140 луѓе, а беа повредени уште повеќе. Не, на предупредувањето „императорот“ одговори со груба дисквалификација. Рече дека Западот „уценува со намера да го заплаши и дестабилизира нашето општество“ во пресрет на „демократските“ избори (15-17 март).

Ете, толку Путин има врска со реалноста.

Осомничените за терористичкиот акт се фатени живи, мачени јавно, ставени во стаклениот кафез пред судот, а прстот е вперен кон Украина и Западот. Класика!

По крвавиот терористички напад, следи крвав театар. Режимот набрзо прогласува дека се пронајдени и фатени четворица напаѓачи, толку колку што беа снимени од телефонските и безбедносните камери. Бруталниот лов на живи луѓе се снима и се открива пред очите на светот. Тортурата е варварска, со сечење уво на едниот и бројни удари со кундак. Осомничените (а веќе осудени) се појавуваат на суд со ужасни траги од тортура. Едниот е со пластична кеса на увото што му го отсекле, а друг е во инвалидска количка, без свест.

Чудна ситуација. Со право може да се постави дилемата дали тие што ги видовме пред камерите се навистина сторителите на ужасниот терористички напад или прифатиле да кажат сѐ што треба, само да престане тортурата. И навистина, како тоа веднаш беа најдени само четворица директни напаѓачи, ниту еден повеќе, ниту еден помалку, сите фатени живи и подложени на сурова тортура, без отпор?

Терористички напад од размери како тој врз „Крокус“ мора да е дел од поширока терористичка мрежа. Режимот соопшти дека имало повеќе уапсени. Сепак, тоа што светот можеше да види е дека веднаш се фатени четворица, дека се подложени на тортура пред камерите, а веднаш потоа се дел од пропагандната парада на „брзата и успешна правда.“

Како дојде тоа? Терористи кои убија и ранија стотици луѓе и разорија огромен објект беа фатени веднаш и без никакви, ни најмали последици по безбедносните сили?

(ДИГРЕСИЈА) Приказната за „брзата правда“ ме потсети на случајот „Раштански лозја“ во 2002 година, кога Љубе Бошкоски, како министер за внатрешни работи, парадираше со седум мртви тела на шест Пакистанци и еден Индиец, мигранти кои, наводно, биле терористи со кои тој „храбро“ се пресметал. Случајот остана енигма.

Театарот во Москва е далеку „повозбудлив“ – осомничените за терористичкиот акт се фатени живи, мачени јавно, ставени во стаклениот кафез пред судот, а прстот е вперен кон Украина и Западот. Руска режимска класика!

Овој терористички акт толку многу потсетува на заложничката криза во московскиот театар во 2002 година? Тогаш, 40 чеченски терористи зедоа 912 заложници, а специјалните сили, по наредба на Путин (!), ја „решија“ кризата со убиство на сите терористи, но и повеќе од 200 цивилни жртви.

Тешките прашања за злосторникот од Кремљ се третираат како акти на шпионажа, предавство, па и тероризам. А речиси и не остана некој што може да му ги постави тие прашања. Навални беше само последниот од долгата низа неистомисленици кои ги уби Путиновиот режим.

Лесно е да се убие вистината во полициска држава која постојано инвестира огромен дел од богатството на државата во освојувачки војни и во контрола на населението. Исто толку е лесно тиранинот да поверува во сопствените лаги и да го изгуби контактот со реалноста.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: КрокуспропагандаПутинтероризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ