• Latest

24 ЧАСА: Со ребалансот на буџетот предвидени над четири милијарди денари за пензии и плати; ЕУ непоколеблива во поддршката на Меѓународниот кривичен суд; Стоп за славеничкото пукање, повикува ЦИВИЛ

July 17, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Со ребалансот на буџетот предвидени над четири милијарди денари за пензии и плати; ЕУ непоколеблива во поддршката на Меѓународниот кривичен суд; Стоп за славеничкото пукање, повикува ЦИВИЛ

July 17, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот

Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани на 362 милијарди 816 милиони денари што е зголемување од 19,178 милијарди денари.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Борел: ЕУ е решена да ги брани интегритетот, универзалноста и независноста на Меѓународниот кривичен суд

Европската Унија ја потврдува својата непоколеблива поддршка на Меѓународниот кривичен суд и е решена да ги брани неговите интегритет, универзалност и независност, се наведува во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по повод годишнината од усвојувањето на Римскиот статут на трибуналот на 17 јули 1998 година.

РЕГИОН

Редакциски избор: Вучиќ бил директно вклучен во обуката на терористичката група што го изврши нападот во Бањска; Србите на север не плаќаат данок на имот; Белери порача дека ќе ја издржи казната до крај

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил директно вклучен во обуката на терористичката група која го изврши нападот во Бањска во Звечани во септември минатата година, јавуваат косовските медиуми.

 СВЕТ

Најмалку  81 лице се убиени во израелските напади врз Газа во последните 24 часа, според најновото ажурирање на здравствените власти на опколената и бомбардирана територија, пренесе Алџазира.

Најмалку осум училишта управувани од ОН во кои се сместени луѓе во Газа се погодени во изминатите 10 дена, рече шефот на УНРВА. За девет месеци војна, 70 отсто од училиштата на УНРВА во Газа се бомбардирани, а 539 луѓе кои се засолниле таму се убиени.

СООПШТЕНИЕ НА ЦИВИЛ

ЦИВИЛ: Стоп за славеничкото пукање. Твојот куршум може да убие некого!

„И како организацијата и како дел од Меѓународната акциона мрежа за борба против нелегалното оружје, ЦИВИЛ апелира до сите домаќини и организатори на семејни и други веселби да ги заменат (легалните и нелегалните) пиштоли и куршуми со легални и безбедни начини на одбележување на нивните настани.

Исто така, ЦИВИЛ потсетува дека славеничкото пукање е забрането со закон и е дел од традиција која им припаѓа на минатите векови. Куршумите не се средство за комуникација со кое соседството се информира за радосната вест.“, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Дезинформациите и теориите на заговор пукнаа само неколку минути по обидот за атентат врз Трамп, што ги направи изборите во САД уште понеизвесни, а земјата помалку безбедна, ехо на најлошите денови на политичко насилство во земјата.“, пишува Авторот Џабир Дерала, во колумната „Истрели: Трамп, омраза и политичка иронија“.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ