• Latest

24 ЧАСА: Струмичкиот затвор брои 23 затвореници во бегство; Интерпелацијата за Гаши има за цел да предизвика политички земјотрес; Хамас со нов лидер по убиството на Ханије

August 7, 2024

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Струмичкиот затвор брои 23 затвореници во бегство; Интерпелацијата за Гаши има за цел да предизвика политички земјотрес; Хамас со нов лидер по убиството на Ханије

August 7, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Од струмичкиот затвор избегале 23 затвореници

Во моментов од Казнено-поправната установа Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов.

Во обраќање за затекнати состојби  во КПУ Затвор Струмица, Ристов вели дека ова е резултат на неодговорното работење на претходни раководства.

Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде погодност на затвореник со зборовите „Јас стојам зад тоа“. Ваквите процеси во претстојниов период уредно ќе се истражат.

Оваа пракса во КПУ Затвор Струмица завршува и одговорност мора да следува. Прва моја задача е се врати достоинството и работниот имунитет на вработените, вели Ристов.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

ВЛЕН: Интерпелацијата за Гаши е да се предизвика политички земјотрес и тест на владиното мнозинство

„Како и во секој политички експеримент, така и во интерпелацијата за Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има неопходни елементи. Потребен е мотив како аеродромскиот инцидент. Потоа, координирано се креира хистерија во јавноста.

На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на Претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е поддржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор“, се наведува  во соопштение од  ВЛЕН.

РЕГИОН

Косовските Срби протестираа против отворање на мостот на Ибар

Во Северна Митровица, во близина на главниот мост на реката Ибар, денеска се протестот на припадниците на српската заедница кои се противат на неговото отворање за сообраќај.

На протестот, поранешниот судија од Северна Митровица, Никола Кабашиќ, рече дека мора да се постигне консензус меѓу сите претставници на Србите во Косово за да се идентификуваат и заштитат основните интереси на српската заедница, јавуваат косовските медиуми.

СВЕТ

Хамас го назначи Јахја Синвар за нов политички лидер

Хамас вчера објави дека Јахја Синвар, претпоставениот организатор на смртоносните напади на 7 октомври против Израел, е избран за нов политички лидер, консолидирајќи ја својата моќ над милитантната група додека таа ја продолжува војната со Израел.

Според Њујорк тајмс, Синвар ќе го замени Исмаил Ханије, кој беше убиен во експлозија минатата недела во Техеран. Хамас и Иран го обвинија Израел за атентатот, иако Израел јавно не презеде одговорност.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Случајот на ФокусНет е катализатор каде се потврдуваат овие изреки, но и состојбите во правосудниот систем во кој граѓаните на Македонија живеат веќе повеќе од три децении.“, од Војо Маневски во колумната „Колку е бавна правдата?“.

„Денес, премиерот Мицкоски и министерот за внатрешни Тошковски се однесуваат како да се опозиција, а не власт. Доколку навистина има сериозни докази за можна дестабилизација на државата треба веднаш да се свика Советот за безбедност, а не да биде тема за пред кооперација со пиво, кикирики и салама.“, пишува Дехран Муратов, во колумната „Држава сме, контролираме!“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ