• Latest

„ВЛЕН“: Интерпелацијата за Гаши е да се предизвика политички земјотрес и тест на владиното мнозинство

August 7, 2024
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„ВЛЕН“: Интерпелацијата за Гаши е да се предизвика политички земјотрес и тест на владиното мнозинство

August 7, 2024 12:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ставот на Коалицијата „ВЛЕН“ за интерпелацијата поднесена против претседателот на Собранието, Африм Гаши, е дека станува збор за предизвикување на политички земјотрес и ставање на тест на владиното мнозинство.

Според нив, интерпелацијата за претседателот на Собранието е анти-НАТО експеримент.

– Како и во секој политички експеримент, така и во интерпелацијата за Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има неопходни елементи. Потребен е мотив како аеродромскиот инцидент. Потоа, координирано се креира хистерија во јавноста. На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на Претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е подржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор, стои во соопштението од „ВЛЕН“.

Оттаму дополнуваат дека целта, како што велат, сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор.

– Што е целта? Сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор, туку целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? За да се стави на тест владиното мнозинство и да некој да провери дали опозицијата може да најде заеднички интерес да делува здружено, велат од „ВЛЕН“.

Наведуваат дека пратениците на „ВЛЕН“ се подготвени да ја бранат честа на албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и ЕУ вредностите.

– Kлучната дилема е дали ДУИ до толку е исплашен од тоа што следи што е подготвен да се координира и со Левица само да не се зборува за криминалот на нивните поранешни функционери? Доаѓа време за вистина, потенцираат од „ВЛЕН“.

Пратеничката група на Левица во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“.

Интерпелацијата е заснована на седум точки, образложени на десет страници.

Првите две точки од интерпелацијата се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши.

Претседателот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција рече дека очекува претседателот на Собранието, Гаши, да ја стави на дневен ред на седница по летниот одмор, односно на почетокот на септември, на првата наредна седница по истекот на 10 работни дена.

Одговорност од Гаши и негова смена побара и опозициската СДСМ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека не е потребна смена на собранискиот спикер, а обвинувањата од СДСМ, ДУИ и Левица го оценуваат како обиди „да се ќарат политички поени“.

– Одговорноста е лоцирана, институциите како никогаш досега преземаа итни и неодлoжни мерки. Сега има кривични пријава, во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих. За разлика од времето на СДС кога немаше одговорност, сега во време на ВМРО-ДПМНЕ има експресна акција од институциите и никој не е поштеден. Одговорност има за секој кој се огрешил пред законот, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: МИА 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ