ВЕСТ НА ДЕНОТ
Целосната воена инвазија во 2022 година беше продолжување на злосторството на вооружената агресија што Руската Федерација го прави против Украина од февруари 2014 година, кога се обиде да ја анексира и привремено ја окупира Автономна Република Крим, градот Севастопол и привремено окупира одредени области на регионите Доњецк и Луганск на Украина. Пред точно единаесет години, неиспровоцираната вооружена агресија на Русија против Украина го поттикна уништувањето на глобалниот поредок по Втората светска војна, изграден врз основа на меѓународното право.
Во 2022 година, Русија ја ескалираше својата агресија во целосна воена инвазија, заканувајќи се не само на Украина, туку и на цела Европа.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Мицкоски: Па, така одлучивме, ќе бидеме ко-спонзори на резолуцијата што ја поденесоа САД
„Па, така одлучивме. Дека ќе бидеме ко-спонзори на Резолуцијата која што ја поднесоа Соединетите Американски Држави“, со ултра краток одговор на новинарско прашање, премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција потврди дека ќе ја поддржи предлог резолуцијата на администрацијата на Трамп во Обединетите Нации.
РЕГИОН
По наредба на Специјалното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Белград, денеска е упасена С.К., менаџерка за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура Железница Србија“, како и тројца членови на Комисијата за технички преглед на Железничката станица во Нови Сад, додека еден е во бегство, во врска со извршување неколку кривични дела со коруптивни елементи, што резултираше со уривање на настрешница на таа железничка станица на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 15 лица, а тројца беа тешко повредени.
СВЕТ
Според прелиминарните резултати, конзервативната партија ЦДУ/ЦСУ победи на парламентарните избори во Германија со освоени 28,6 отсто од гласовите, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Лидерот на партијата, Фридрих Мерц сега ќе се обиде да формира коалиција до Велигден. Мерц вели дека „апсолутен приоритет“ е „да се зајакне Европа што е можно побрзо за да можеме да постигнеме вистинска независност од САД“.
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за цените и достапноста на лековите?
СЛОБОДНА ЗОНА
„Пред три години, Украина, предводена од уметник и интелектуалец – претседателот Зеленски – застана на раскрсницата на историјата. На претседателот му беше понудено да побегне додека бомбите паѓаа врз неговата земја, но тој одговори со зборови кои ќе одекнуваат низ времето засекогаш: „Борбата е тука; ми треба муниција, а не превоз“.
Украина кажа НЕ! НЕ на бруталната и крвожедна агресија. НЕ на машинеријата на лаги и пропаганда. НЕ на силите на тиранијата кои сакаа да ја избришат оваа суверена нација од картата“, пишува Џабир Дерала во колумната „Борбата на Украина е наша борба: Борба за слобода, за победа над тиранијата“.
*
„Германија најверојатно ќе види промена во владата, со нов канцелар од конзервативниот блок. Во големата шема, Германија се чини дека останува на стабилен, проевропски курс. И смирувачко е тоа што конзервативците не се усогласени со Русија. Некој може да каже, „Gerade noch mal gut gegangen“ (Сè уште помина добро на крајот)“, пишува Флориан Донкел во колумната „Избори во Германија: Последниот повик за будење на Европа“?
Д. Муратов
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ