ВЕСТ НА ДЕНОТ
Делегациите на Украина, Естонија, Летонија и Литванија нема да учествуваат на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко денеска соопшти дека Украина нема да учествува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Како причина го наведе присуството на руската делегација на министерскиот состанок на министерско ниво за првпат од почетокот на целосната инвазија на Русија во Украина.
Покрај Украина, своето учество го откажаа и делегациите на Естонија, Летонија и Литванија, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на трите балтички земји.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Сотирова Бухова: Предлог заклучоците на Анкетната комисија за Онкологија се неиздржани и се политички реваншизам
Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација, се наведува во пишаниот допис на поранешната директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
- Блинкен ќе се заблагодари за лидерската улога на Северна Македонија во ОБСЕ и поддршката на сојузниците за Украина
- Британското разузнавање: Во последните шест недели Русија ги претрпе најголемите загуби од почетокот на војната
- И покрај огромните жртви, сепак вредеше ризичната одлука на Украина да го брани Бахмут од масивните руски напади
- ПРЕСЕДАН: Првата земја членка на НАТО што му дозволи посета на Лавров по руската агресија врз Украина, е Северна Македонија
- „Лесја Украинка“ со реакција за учеството на Лавров на Министерскиот совет на Нато во Скопје
ФЛЕШ ВЕСТИ
АНТИКРИЗНИ МЕРКИ Владата го усогласи деветтиот пакет антикризни мерки кој е во вредност од 662 милиони евра. Пакетот содржи 26 мерки за социјална сигурност кои се насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории граѓани и компании, како и поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО Здравствените установи ќе работат континуирано и без прекин за време на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.
АПЕЛ Министерството за внатрешни работи денеска објави фотографија и опис за малолетничката Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Северна Македонија, и апелира да не се шират дезинформации и дека постојано ќе ја информираат јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албанските медиуми во регионот : Албанците го слават 28 ноември, 111 годишнината од независноста; Гугл денеска го развеа албанското знаме; во Косово се одбележува денот на знамето и ОВК
ЗЕЛЕН ФОРУМ
Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“ со Зоран Иванов и Зоран Тодоров
Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво беа тема на денешниот панел од серијата „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“. На панелот учествуваа новинарот Зоран Иванов и активистот и претседател на „Одбор за здрав живот“, Кочани, Зоран Тодоров.
Подготви: Д. Тахири