• Latest

Николовски и Лефков: Зелената агенда реалност, се спроведува забрзано, но во јавноста не е доминантна тема

November 28, 2023

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Николовски и Лефков: Зелената агенда реалност, се спроведува забрзано, но во јавноста не е доминантна тема

November 28, 2023 15:42
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Зелената агенда е еден пакет од патот на Балканот и на Македонија кон ЕУ. Но,, нема сосема да се сложам со тоа дека реално во македонскиот медиумски простор и во јавноста е доминантна тема. Мислам дека многу малку луѓе, вклучувајќи ги и новинарите и уредниците, дури и во мејнстрим медиумите, малку знаат за зелената агенда за тоа што е направено и што треба да се направи“, вели новинарот Љубиша Николовски, на панелот на ЦИВИЛ „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“

„Зелената агенда е можеби и најдалеку како поим кој што овој напатен балкански простор го прави. Не се виновни само медиумите, туку секој од нас. Ние немаме менталитет и слух да живееме во подобар простор, подобра животна средина, Стандардната болка е што очекуваме некој друг да направи нешто од нас, најчесто Владата или ЕУ“, вели Николовски.

На панелот учествуваше и Горан Лефков, истражувачки новинар и претседател на СКУП, Центар за истражувачко новинарство, кој смета дека зелената агенда не само што е реална туку и дека се остварува.

„Во последните неколку години се остварува со брзо темпо. Во некои делови сме направиле историски чекори што не сме ги направиле во изминатите 50 години. Процесот на декарбонизација што ЕУ треба да го заврши до 2050, Македонија во последните 2 години го води доста храбро. Се работи доста и на агендата за гасификација. Сепак, доцниме многу со делот за регионални депонии, треба да имам 5 или 6, а за жал немаме ниту една“, истакна Лефков.

Според Лефков, најголем проблем за заагадувањето е и греењето на дрва и горивото кое се користи во индустриите. Лефков смета дека може лесно да се реши со гасификација и со соларната енергија.

„Се радувам што Македонија навлезе толку многу во делот на соларната енергија. Тоа е начинот да се оттргнеме од оние фосилни горива кои што загадуваат и практично не убиваат. Во една студија излезе дека 350.000 жители во Македонија порано умираат како последица на загадениот воздух. Тоа е сериозен проблем. Од друга страна решенија има многу, но треба малку системски да работиме за да добиеме многу поодржливи и долгорочни процеси што ќе ни помогнат на нас самите“, истакна Лефков, додавајќи дека не треба да чекаме ЕУ да ни ги решава проблемите, туку сами да се ангажираме бидејќи влијае на сите нас.

„За многу работи можеби не се согласуваме, но срамежливо, за подобри услови за живот, се согласуваме. Мислам дека Владата треба да посвети повеќе внимание, на пример, не само на големите колектори, туку граѓаните во сопствените домови да можат да ги инсталираат овие панели, доколку самите имаат средства или пак државата, општините субвенционираат, и да се приклучат на централниот систем на електростопанство. Тогаш сите ќе имаат бенефит, да не се гледа само на профитот на одредена фирма. Мислам дека постои консензус и треба да ги искористиме огромните суми пари што ЕУ ги дава, што се независни од големината на буџетот за други потреби на населението.

За можност од злоупотреби на зелените прашања за политички цели, Николовски смета дека најчесто се злоупотребуваат оние работи кои на граѓаните им значат.

„Секоја Влада, од осамостојувањето претежно се занимава со тековни проблеми и прашања, а ветувањата што ги дава се само список на желби од кои што најчесто нема ништо. Решението секогаш доаѓа од иницијативата на граѓанинот“, вели Николовски.

Лефков истакна дека опструкции секогаш се тука, избегнување на еколошки теми или затворени врати за некои зелени прашања или еколошки теми.

Панел –дискусијата се дел од  проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Б. Ј.

камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Tags: Горан Лефковзелена агендаЉубиша НиколовскиМедиуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ