• Latest

24 ЧАСА: Украина, Естонија, Летонија и Литванија откажаа учество на Министерскиот совет на НАТО поради Лавров; политички реваншизам во заклучоците на Анкетната комисија за Онкологија; 662 милиони евра за антикризни мерки

November 28, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Украина, Естонија, Летонија и Литванија откажаа учество на Министерскиот совет на НАТО поради Лавров; политички реваншизам во заклучоците на Анкетната комисија за Онкологија; 662 милиони евра за антикризни мерки

November 28, 2023 17:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Делегациите на Украина, Естонија, Летонија и Литванија  нема да учествуваат на министерскиот состанок на ОБСЕ  во Скопје

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко денеска соопшти дека Украина нема да учествува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Како причина го наведе присуството на руската делегација на министерскиот состанок на министерско ниво за првпат од почетокот на целосната инвазија на Русија во Украина.

Покрај Украина, своето учество го откажаа и делегациите на Естонија, Летонија и Литванија, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на трите балтички земји.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Сотирова Бухова: Предлог заклучоците на Анкетната комисија за Онкологија се неиздржани и се политички реваншизам

Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација, се наведува во пишаниот допис на поранешната директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Блинкен ќе се заблагодари за лидерската улога на Северна Македонија во ОБСЕ и поддршката на сојузниците за Украина
  • Британското разузнавање: Во последните шест недели Русија ги претрпе најголемите загуби од почетокот на војната
  • И покрај огромните жртви, сепак вредеше ризичната одлука на Украина да го брани Бахмут од масивните руски напади
  • ПРЕСЕДАН: Првата земја членка на НАТО што му дозволи посета на Лавров по руската агресија врз Украина, е Северна Македонија
  • „Лесја Украинка“ со реакција за учеството на Лавров на Министерскиот совет на Нато во Скопје

ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКРИЗНИ МЕРКИ Владата го усогласи деветтиот пакет антикризни мерки кој е во вредност од 662 милиони евра. Пакетот содржи 26 мерки за социјална сигурност кои се насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории  граѓани и компании, како и поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО Здравствените установи ќе работат континуирано и без прекин за време на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.

АПЕЛ Министерството за внатрешни работи денеска објави фотографија и опис за малолетничката Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Северна Македонија, и апелира да не се шират дезинформации и дека постојано ќе ја информираат јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот : Албанците го слават 28 ноември, 111 годишнината од независноста; Гугл денеска го развеа албанското знаме; во Косово се одбележува денот на знамето и ОВК

ЗЕЛЕН ФОРУМ

Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“ со Зоран Иванов и Зоран Тодоров

Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво беа тема на денешниот панел од серијата „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“. На панелот учествуваа новинарот Зоран Иванов и активистот и претседател на „Одбор за здрав живот“, Кочани, Зоран Тодоров.

Николовски и Лефков: Зелената агенда реалност, се спроведува забрзано, но во јавноста не е доминантна тема

Подготви: Д. Тахири

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ