ВЕСТ НА ДЕНОТ
Украина и САД постигнаа договор за минералите
Украина постигна договор за минералите со САД, изјави Олха Стефанишина, заменик-премиер и министер за правда на Украина. Од кабинетот на претседателот Володимир Зеленски потврдија дека е постигнат договор. Украина обезбедила поповолни услови за време на преговорите и дека договорот го обликува како начин за зајакнување на врските со САД…
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Дерала: Срамота и скандал без преседан e тоа што Северна Македонија гласаше воздржано за европската резолуција за Украина
Северна Македонија гласаше воздржано за европската резолуција „Унапредување на сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина“. Од што се воздржа нашата држава кога требаше да се изјасни за европската резолуција „Унапредување на сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина“, зборува Џабир Дерала, претседател на Цивил – Центар за слобода, за Рацин.мк.
„Се воздржа од Резолуција со која се осудува руската воена агресија врз Украина, се дава поддршка на територијалниот интегритет на земјата, и се бара итно повлекување на рускиот агресор. Скандал без преседан е блага оценка за оваа одлука на македонскиот државен, владин и дипломатски врв“, оцени за Рацин.мк, Џабир Дерала.
РЕГИОН
Додик прогласен виновен, Лукиќ е ослободен од обвиненијата
Судот на БиХ денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција како претседател на РС
СВЕТ
Израел и Хамас се договорија за нова размена, кревкото примирје во Газа опстојува
Израел и Хамас постигнаа договор за размена на телата на четворица заложници за ослободување на стотици палестински затвореници, што укажува дека кревкиот прекин на огнот во Газа засега останува недопрен…
(ИЗБОР) Албански медиуми:
Албанија се соочува со дефицит на работната сила; Косово уапси осомничен за воени злосторства во Јариње; Курти ја повика ЦИК да го приврши процесот на броење на гласови
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Која политичка партија е најодговорна за корупцијата во земјата?
СЛОБОДНА ЗОНА
Сè уште функционира завршување на работа со еден телефонски повик. Очигледно Мицкоски не ги заборава „добрите практики“ на неговиот поранешен шеф Груевски кога со еден телефонски повик ги решаваше проблемите на граѓаните, од вадење пасош – до поставување на водовод и канализација, и сето тоа пред камерите на одредени медиуми. Тој беше надлежен за сите институции. Сега веројатно и Мицкоски сака да ги решава сите проблеми во државата., пишува Дехран Муратов во „Дали ни треба судство и обвинителство ако Мицкоски е кадија и судија?’
Подготви: Д. Мишев