ВЕСТ НА ДЕНОТ
Владата го повлече од собраниска процедура Предлог на закон за средното образование
Владата го повлече од собраниска процедура Предлог на закон за средното образование, второ читање. Ова го соопшти претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Иванка Василевска на денешната седница, на која присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Пратениците на Европскиот фронт изразија задоволство од одлуката на Владата и побараа еден час пауза за координација.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Натанаел Лимински: Никогаш до сега не било толку итно како денеска да поработиме на демократијата и човековите права
РЕГИОН
Ученик во основно училиште во Загреб со нож ранил наставничка и неколку деца
Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми. Инцидентот се случил во ОУ „Пречко“ во Загреб. Повредени се седум луѓе меѓу кои пет се деца.
СВЕТ
Македонската амбасада во Кијив погодена од руски проектили, МНР со осуда
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Кијив. Воедно, Министерството денеска информира дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Кијив.
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Какви новогодишни празници можете да си дозволите?
СЛОБОДНА ЗОНА
„Го гледав бриселското интервју во денешниот дневник на МТВ на премиерот Мицкоски и ај што новинарот си молчеше и си ги слушаше неговите изветвени елаборации за идентитетот и за сличните дребулии, а колегата можеше да се прослави, да ја спаси честа новинарска и да го потпраша каде тој денес гледа идентитетска загрозеност, да го потсети дека да, вековно историски како Македонци и како народ македонски сме биле и негирани и понижувани и дека е точно дека не нè признавале и Србите и Грците и Бугарите но и дека тоа со Србија заврши со АСНОМ, тоа со Грција со Преспанскиот и тоа со Бугарија со Рамката француска и дека да, има источниот сосед едно негаторско изолирано и од ЕУ“, пишува Зоран Иванов ПО ДОПРЕН ГЛАС.
Подготви: Б. Јордановска