ВЕСТ НА ДЕНОТ
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН И ЗНАМ не дозволија намалување на патните трошоци
Владејачкото мнозинство составено од ВМРО – ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ не дозволи намалување на патните трошоци на пратениците, откако денес во Собранието на Северна Македонија не даде поддршка за иницијатива поднесена од Левица да биде ставена на дневен ред на седницата.
За предлог -законот за измени на Законот за пратениците да биде ставен на дневен ред гласаа само 22 пратеници од Левица и СДСМ и коалицијата.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Мицкоски: Со ВЛЕН разговараме за промена на државниот грб
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го отвориле прашањето за промена на државниот грб.
-Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации, рече Мицкоски.
РЕГИОН
Европратениците за ситуацијата во Србија: Дебатата заврши, различни тонови на пленарната седница во Стразбур
На дебатата во Европскиот парламент се слушнале различни тонови кога е во прашање Србија. Некои беа остри кон српската влада и претседателот Александар Вучиќ, додека други изразија по помирувачки тонови.
Заклучокот може да биде дека, она што го потсетија мнозинството пратеници, е дека мирните собири се европска вредност и дека мора да се истражат нападите врз студентите и граѓаните кои мирно протестираа, како и одговорноста за уривањето на железничката станица во Нови Сад кога загинаа 15 лица.
СВЕТ
Загрозено примирјето во Газа откако Нетанјаху се закани со враќање на „интензивните борби“
Постојат стравувања за можно продолжување на војната во Газа, откако израелскиот безбедносен кабинет го поддржа барањето на претседателот Трамп за сите преостанати заложници да бидат вратени во сабота.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека наредил војници да се соберат внатре и околу Газа како одговор на најавата на Хамас дека го одложува ослободувањето на уште заложници до понатамошно известување.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тоа вандалите и нивните родители да вршат општокорисна работа ако уништуваат јавни површини?
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми: За ЕУ, Косово на изборите покажа посветеност на демократските принципи; Рама го обвинува СПАК за кршење на човековите права во случајот Велиај; Кои се лекциите од изборите во Косово
Подготви: Д. Тахири