• Latest

24 ЧАСА: Започна Самитот на НАТО во Вашингтон; Поддршката на САД за Украина е непоколеблива; Украина иницира свикување на итен состанок на Советот за безбедност на ОН

July 9, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Започна Самитот на НАТО во Вашингтон; Поддршката на САД за Украина е непоколеблива; Украина иницира свикување на итен состанок на Советот за безбедност на ОН

July 9, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владината делегација, предводена од Мицкоски од денеска учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски од денеска учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон со кој се одбележуваат 75 години од формирањето на Алијансата. Предвидени се и билатерални средби со државници на земји членки на Алијансата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Бајден: Руските ракетни напади на детската болница во Кијив се ужасен потсетник на руската бруталност, нашата поддршка за Украина е непоколеблива

„Руските ракетни напади во кои денеска загинаа десетици украински цивили и предизвикаа штети и жртви во најголемата детска болница во Кијив, се ужасен потсетник на руската бруталност. Од клучно значење е светот да продолжи да стои со Украина во овој важен момент и да не ја игнорираме руската агресија“,  изјави претседателот на САД, Џо Бајден, по неодамнешните ракетни напади на Русија врз Украина.

РЕГИОН

Северно Косово и заканите за отцепување во БиХ се најголемиот ризик за регионот, посочи Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан.

СВЕТ

Путин го прими „драгиот пријател“ Моди, Вашингтон изрази загриженост, за Зеленски ова е „огромно разочарување и катастрофален удар за мировните напори“

СЛОБОДНА ЗОНА

„рускиот удар одзема животи, повреди деца, ги уништи одделенијата за интензивна нега, оперативни и онколошки одделенија на детската болница.

Спасувачката работа не е запрена откако русите извршија насочен ракетен напад врз детската болница, од под урнатините се извлекуваат деца и возрасни.

Во текот на денот на 8 јули, рф изврши уште еден ракетен напад врз друга болница во Кијив.“, пишува Н.Е. Лариса Дир, украинската амбасадорка во Република Северна Македонија, во статијата „Украина иницира свикување на итен состанок на Советот за безбедност на ОН“.

„Жртвите на војната секогаш умираат два пати. Најмалку.

Првиот пат од разорното дејство на оружјето, а потоа и од деструкцијата на пропагандната машинерија која манипулира и негира, ја префрлува одговорноста, ги дехуманизира своите жртви и го отвора патот за нови напади и сеење терор меѓу цивилите.“, пишува Џабир Дерала во колумната „Жртвите на војната секогаш умираат два пати“. 

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ