ВЕСТ НА ДЕНОТ
Судењето против Мухамед Зеќири се враќа на почеток, согласно новите измени на Кривичниот законик
Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, започна од почеток, откако јавната обвинителка на денешното рочиште во Основниот Кривичен суд го трансформираше поднесениот обвинителен акт во обвинителен предлог, согласно измените на Кривичниот законик.
– Поднесениот обвинителен акт е трансформиран во обвинителен предлог согласно измените на Кривичниот закон од септември 2023, кои што предвидуваат поблаго казнување за обвинетиот. Врз основа на тоа е извршена измена на диспозитивот на сега поднесениот обвинителен предлог во делот на опфатот на законските елементи на кривичното дело кое му се става на товар, образложи обвинителката.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите кога и да сакаат, денеска, утре, задутре, веднаш после изгласување на уставните измени. Мислам дека ова е фер понуда од наша страна, рече Бујар Османи на новинарско прашање за коментар за предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски парламентарни и претседателските избори да се одржат меѓу двата празника по обраќањето на годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во Скопје.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ГАЗА Вкупно 704 луѓе во Газа се убиени во последните 24 часа, соопшти палестинското Министерство за здравство. Според извештајот, ова е највисокиот број на дневна основа, објавен од почетокот на израелските напади врз Газа на почетокот на овој месец, пренесува CNN.
ИФИМЕС Додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово и да им даде државјанство, се вели во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија, објави Фронтлајн.
АНКЕТА Граѓаните за политички теми најчесто се информираат преку интернет – 56 проценти, од кои над 90 проценти се информираат од социјалните мрежи, а само 28,2 отсто од онлајн портал – медиуми, покажуваат резултатите од анкетата ЕВРОМЕТАР 2023.
БЕЗБЕДНОСТ Македонските власти се обидуваат да евакуираат петмина наши државјани од Газа – брачен пар и татко со две мали деца. На мајката на децата, која е палестински државјанин и е издадена виза, изјави идниот македонски амбасадор во Тел Авив, Шпенд Садики, кој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието.
ДОГОВОР Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот, корисен пример за многу други отворени прашања, рече поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев на неговото учество на годинешната конференција на Економист во Грција, посочувајќи дека ЕУ има многу алатки за европската перспектива, но не ги користи, јави дописничката на МИА, од Атина.
ЗЕЛЕН ФОРУМ Учесници на настанот беа Нгадњим Мехмети од Еко Герила и Бојан Трпевски, Здружение на млади правници. Настанот го водеше Биљана Јордановска, координаторка на Зелен Цивил.
ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
Руската вакцина против КОВИД „Спутник V“ едноставно веќе не функционира
*
Русите извршија масивен напад на целиот источен фронт без да постигнуваат стратешки успеси, украинските сили ги одбија непријателските напади.
*
Пакетите за одбранбена помош за Украина и Израел содржат само неколку заеднички позиции, така што Соединетите Држави се подготвени да им пружат помош на двете земји во исто време, соопшти на брифингот во понеделникот портпаролот на Министерството за одбрана, генералот Патрик Рајдер, јавува дописникот на Укринформ.
АЛ-ПРЕС
Настаните од 24 септември на северот на Косово, навлегоа во речиси сите дискусии на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, на кој беа упатени повици одговорните да се изведат пред лицето на правдата. Претставникот на САД во ОН, Роберт Вуд изјави дека „мора да има целосна одговорност“ според законот за лицата вклучени во нападот на Косово на 24 септември, односно, лицата кои заминале во трета земја треба да бидат екстрадирани и кривично гонети, пишуваат косовските медиуми.
Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.
СЛОБОДНА ЗОНА
Во говорот на Мицковски гледаме две урнебесни признанија во само една реченица. Останува малку нејасно дали Мицковски мисли дека јавноста заборавила две едноставни работи.
- „Тефтерчињата“ и заробената држава се вмровска работа.
- Партијата што му ја остави Груевски на Мицковски и другарчињата ги блокираше судските реформи во парламентот. На пример, законот за јавни обвинители го блокираа една и пол година.
Останува да се види како ќе реагира судството на овие признанија, навреди и закани. Не верувам, искрено, дека сите се ставени во вмровското или било кое друго „тефтерче“, пишува Џабир Дерала во колумната „Две признанија и една закана во една реченица“.
*
„Што се однесува до нашата „липа“ Северна Македонија, и тука е ситуацијата отворена. На последните анкети, СДСМ е пред сите, добро, до мене стигаат разни гласови, на пример дека владејачката партија ќе претрпи пораз, дека Мицкоски на изборите ќе победи, ама во тоа не би се кладел. Тоа се само гласови и шумови; никој не знае во моментот како ќе се постават силите на теренот кога ќе дојде време за изборна кампања. Партиите уште сега мерат и премеруваат, а финалето ќе започне некаде после Новата 2024 година. Важни ќе бидат листите, кој ќе биде на првата, кој ќе биде на втората изборна единица, и на останатите листи… Дали ќе се трча засебно или одвоено со своите коалициони партнери итн. итн.“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Борбата за Европа почнува, законодавецот Солон и пресудниот глас на граѓанинот“.
Д. Муратов