Цивил е водечка платформа на слободното и нормално новинарство.
Истовремено, Цивил е центар од кој се анимира и капацитира општеството во одбраната на демократските стандарди.
И во развојот и користењето на тие стандарди и процедури за унапредување на општото добро.
Цивил не е неутрален, односно не ги исполнува критериумите на медиумскиот и невладиниот опортунитет според доминантниот дискурс што го наметна опозицијата преку контролата на најголем дел од медиумите.
Цивил има став.
Цивил е активен во согласност со тој став. Во сите области, од политиката преку културата и економијата, човековите права, изборите, надворешните работи и меѓународната политика.
Освен тоа, Цивил е инкубатор на многу новородени платформи што имаат свои политики, но во основа сите се за европска, модерна, демократска Македонија. Многу луѓе стојат зад појавата и развојот на оваа платформа, но едно име, сепак, мора да се истакне: Џабир Дерала. Неуморен организатор, активист и жртва на смртоносниот популизам обоен и исполнет со лаги и тралалајки за широките народни маси.
Им ја честитам годишнината и им посакувам успеси во иднината која, како што знаеме, е исполнета со многу неизвесности и опасности затоа што така сакаше една партија што се вика вмро-дпмне.
И на дел од народот кој посака да се валка во својата инфантилност.