Не можам да се сетам на друга невладина организација, а соодветно на тоа и на пополнувач на медиумскиот простор, која покажува таква константност и цврстина во своите програмски определби.
За жал, сите други покажаа подготвеност да се „прилагодуваат“ на приликите во земјата или да следат некои нови ориентири, кои не се секогаш разбирливи, ама се изненадувачки и непријатни, бидејќи создаваат клима на општествена непредвидливост.
Оттаму, добро е што постои Цивил, ама секако е важно да биде и платформа на едно постојано јато на носители на демократскиот развој.