24-годишниот ангажман на Цивил во македонското општество е суштински и неопходен кога се во прашање граѓанските слободи и права. Беа меѓу првите кои ја градеа мултикултурната кохезија во земјава после конфликтот во 2001 година и од тогаш до денес се меѓу најхрабрите во спротивставувањето на национализмот и на дезинформациите кои предизвикаат немир и раздор меѓу граѓаните.
Цивил е симбол и суштина за македонската граѓанска слобода. Тимот на оваа посветена организација создава растечка заедница од активисти кои ги штитат изборните циклуси од измами, од ширење омраза и насилство и од изигрување на граѓанската волја.
Цивил во исто време е и најверодостојниот домашен извор на информации и факти по однос на руската војна во Украина и по однос на борбата за заштита на украинскиот суверенитет и за спас на секој човечки живот од бесмислените агресии на Путин.
На граѓаните им треба ангажманот на Цивил токму таков каков што е.
Среќен роденден Цивил, продолжете така.