Да бидеш четвртина век на браникот на Слободата и во одбрана на човековите права, постојано буден и спремен за секојдневните предизвици, битки за да ги браниш, чуваш и служиш за пример на граѓаните е херојско дело на една мала, но одбрана чета на чело со храбриот, упорниот и исправен пред тешката секојдневна борба, Џабир Дерала.
Борбата продолжува, зашто единството, слободите и правата секојдневно се мета на темните сили на фашизмот, омразата, криминалот, поделбите…
Со тоа зло, чудовиште кое демне и не спие, се бори Цивил, покажувајќи ни дека љубовта, правдата, единството и почитувањето на разликите е единствен вистински пат кон нашата иднина и среќа.
Ви посакувам добро здравје и сила до следниот јубилеј.