Поминаа 24 години од 25 ноември 1999 година и основањето на ЦИВИЛ, една од најзначајните граѓански организации во Македонија.
Плакатот „Што сега?/Çka tash?“ е од една од најуспешните мировни кампањи воопшто организирани во земјава, и тоа во моменти кога таа се наоѓаше на работ на распаѓање, во виорот на меѓуетничкиот конфликт во 2001 година.
Од тие почетоци па натаму, во овие 24 години постоење, ЦИВИЛ стана симбол и куќа на мирот, слободата, еднаквоста, демократијата и прогресивната мисла во земјава.
ЦИВИЛ – Центар за слобода стана симбол за бескомпромисна борба за човекови права, за заедништво меѓу граѓанките и граѓаните на земјава без оглед на каква било припадност, за почитување и негување на критички дијалог на различни мислења, за слободни избори, за борба против оружјето и насилството, за негување на ангажираната култура и уметност.
ЦИВИЛ. Секогаш гласни и бескомпромисни, секогаш надвор од шаблоните на дејствување вообичаени за невладините организации, секогаш на терен и во директен контакт со граѓанките и граѓаните, секогаш со авангардни и нови начини на артикулирање на слободната граѓанска мисла.
Во визијата на ЦИВИЛ стои запишано:
„Визијата на ЦИВИЛ е за свет во кој сите луѓе живеат во мирно и демократско општество, во кое:
– човековите права и слободи се почитуваат во потполност;
– нема насилството и култот кон оружјето е надминат;
– нема дискриминацијата и шовинизам во било кој облик;
– владее потполна слобода на изразување и медиумите се слободни и независни од влијанието на центрите на моќта;
– институциите се независни и целосно посветени на интересите на граѓанките и граѓаните;
– изборите се фер и демократски, а граѓанките и граѓаните непречено организираат и учествуваат во процесите на донесување на одлуките;
– културата и уметноста се составен дел од секојдневието на општеството;
– екологијата и заштитата на животната средина се основни критериуми за развојот.
Наведените определби се практикуваат во неделива форма.“
Навистина убава визија. Вредности и цели, за кои вреди да човек да се бори, ако треба и цел еден живот, до нивното постигнување.
За мене е чест, гордост и привилегија да бидам ЦИВИЛ и дел од оваа успешна приказна и борба, која трае речиси четврт век.
Честит роденден за сите ЦИВИЛки и ЦИВИЛи! Да се множат со многу успеси, до исполнување на нашата заедничка визија, која треба да стане заслужена реалност за сите граѓанки и граѓани на земјава!