Исклучително е важно да имаме граѓански организации како Цивил кои доследно ги промовираат вредностите на интеркултурализам, инклузија и недискриминација и остануваат доследни на демократските процеси во земјата.
Во време на растечки национализам и десничарски антидемократски движења, гласот на организациите како Цивил е значаен за да нè држи будни пред засилените напади на идејата за еднаквост за сите.
Честит роденден Цивил, борбата за општество еднакво за сите продолжува заеднички!