• Latest
Сотир Костов, политички аналитичар (фото: ЦИВИЛ)

Сотир Костов, политички аналитичар: Џабир Дерала и Цивил како феномени на медиумската и јавна сцена во Македонија

November 26, 2023

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сотир Костов, политички аналитичар: Џабир Дерала и Цивил како феномени на медиумската и јавна сцена во Македонија

November 26, 2023 09:17
in ОПШТЕСТВО, РЕКОА ЗА ЦИВИЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Сотир Костов, политички аналитичар (фото: ЦИВИЛ)

Сотир Костов, политички аналитичар (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Колегата Џабир ми предложи да напишам некој збор за 24 години Цивил. Со задоволство го прифатив предлогот. Едноставно не можев да го одбијам човекот кој ме нарекува „мојот најомилен неистомисленик“, т.е. граѓанскиот активист кој ја лансираше симпатичната мантра „граѓанки и граѓани“.

Најпрвин, збор-два за Џабир како идеен творец на Цивил: Прв пат за него чув, кога пред 15-16 години во раце ми дојде една негова книга, која ја прочитав, и бев воодушевен од тоа како Џабир ги восприема културата, уметноста и граѓанскиот активизам.

По некоја година, кога тој стана сеприсутен на јавната и медиумска сцена во Македонија, малку се подзамислив, дали тој е истиот оној Џабир – автор на книгата што ја читав. Сепак, тој беше, ама со малку еволуирани ставови и погледи од оние во неговата книга. Добро, тоа е нормално и легитимно. Луѓе сме и во животот поминуваме во повеќе развојни фази (за да нема недоразбирање, слично чувствувам и за мене како активист и аналитичар).

Поминаа година-две и „ги вкрстивме копјата“ на дебата во ТВ21 при што тој „ребра ми кршеше“, а јас „џигери му вадев“. Очигледно, еве живи и здрави сме и двајцата – преживеавме. И кога ги преживеавме „детските болести“ на македонската демократија, следуваа случајни средби, срдечни ракувања и соработка во вид заедничко учество на јавна трибина организирана од Цивил, мое гостување во подкастот на Цивил итн.

Инаку, со голем дел од неговите залагања и активности во граѓанскиот сектор се согласувам – да бидам конкретен, кога се работи за демократијата, владеењето на правото и одбраната на човековите права. Кога станува збор за политиката, политичките актери и начинот на нејзиното практикување, имаме разлики, некогаш помали, друг пат и не така мали. Ама, нели е тоа првата цел и основната смисла на плурализмот и демократијата. Значи, ништо страшно – и двајцата почитуваме различности.

Да поентирам за Џабир: како граѓански активист го доживувам како релевантен и посебен. Како политички аналитичар е храбар (да заземе став и јавно да го соопшти), со потенцијал да постигне повисоко ниво. Тука еден совет: Никогаш повеќе да не држи говор на митинг на политичка партија или коалиција.

А сега нешто и за Цивил, „граѓанското чедо“ на Џабир Дерала. Моите комплименти за 24-те години дејствување и опстојување на јавната и медиумска сцена. Бидејќи веќе 15 години се бавам со брендови и брендинг (издадени еден толковник за брендинг, адвертајзинг и паблик рилејшн и пет книги), Цивил го опсервирам како брендолог.

Го доживувам како организација и медиум со специфична различност, посебност и оригиналност. Како во поглед на идентитетот, така и во смисла на имиџот. И како граѓанска организација и како медиум. Овој квалификатив е основен предуслов за оригинален бренд. Со едно појаснување: Цивил како граѓанска организација го оценувам како добро организирана, уште подобро позиционирана и влијателна организација. Цивил, пак, како медиум е отворен и дозволува демократски дијалог. Со желба да биде повлијателен, најдобронамерно советувам, проверување (на информациите и фактите и аргументите за нив), и на другата страна кога се објавуваат информации кои претендираат да бидат ексклузивни, скандалозни или афери што би рекол нашиот народ.

Нека ти се честити 24-те години Цивил, граѓанину Џабир Дерала. За тебе добро здравје, уште поголем активизам и долг живот, а за Цивил поголеми годишнини и јубилеи.

Секое добро за тебе и Цивил, од Сотир Костов.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ