• Latest

24 јуни: Биографии, оставка, ЕУ перспективи, реформи во администрацијата и ЦИВИЛни активности

June 24, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 јуни: Биографии, оставка, ЕУ перспективи, реформи во администрацијата и ЦИВИЛни активности

Дневник на ЦИВИЛ со сите актуелни вести на денот

June 24, 2019 17:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Реконструкција

По вчерашниот предлог на премиерот Зоран Заев за смена на министри и воведување на дополнително Министерство за политички систем, јавноста остана можеби најмногу изненадена од промената во Министерството за финансии, каде на местото Драган Тевдовски ќе го заземе самиот премиер, а досеганиот министер би било околу неко како советник.

На ваквата одлука реагираше Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на министерот за финансии во заминување Драган Тевдовски упатувајќи остра критика до премиерот. Јовановиќ смета дека неговата смена е неправедна во ситуација кога популарната „метла“ не ги опфатила оние што работеа за личен интерес или пак ништо не работеа.

Што се однесува до новиот министер за финансии и актуелниот премиер, во неговата биографија се вели дека израснал во скромно, земјоделско и традиционално семејство и почнувајќи од рана возраст, тој и неговиот помлад брат беа вклучени во семејниот земјоделски бизнис, како единствен извор на приход.

Критики имаше и кон промената на Миниситерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, кој сега ќе биде министер за политчки систем. На негова сметка социјалните мрежи беа преплавени, особено во однос на неговата биографија, која треба да зборува за искуството да се води новоформираното министерство. Според, биографијата на Дураку, тој особено изразува квалитети за  Интернет експлорер и Мајкрософт офис, а поседува и  солидни менаџмент особини, работа во група, работа под стрес и комуникативност.

Насер Нуредини, кој е номиниран од ДУИ за нов министер за животна средина, но не е член на партијата, е советник за диверзификација на инвестиции и развој на проекти во компанијата „ГЕГГ Адвајзори де Нуредини“ од Виена, Австрија. Има работно искуство и во Лондон како инвестициски банкар во „Ај-Ен-Џи“ и „Уникредит“.

Седницата за избор на новите министри е закажана за среда.

Оставка

Заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов, јавно ја соопшти одлуката да поднесе оставка, обраќајќи се првенствено до премиерот Зоран Заев и неговите потези во реконструкција на Владата.

„Моја намера и лична желба е да се вратам на академската кариера, затоа што револуцијата што ја покренавме почна да ги јаде сопствените деца… За жал, моите очекувања дека преку политичкиот ангажман во изминатите шест години ќе влијаам во насока на реално подобрување на состојбите во општеството, особено во образованието и несебичното вложување за таа цел, не се остварија. Се чини дека иако декларативно сите говорат дека се залагаме да ги задржиме младите во државата, без вистинска реформа и поквалитетно образование, како и можност за поголем просперитет за младите, тоа нема да се случува.“, напиша Атанасов на совојот Фејсбук профил.

ЕУ перспектива

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на панел дискусијата во Стокхлом, посветена на случувањата во земјите од Западен Балкан со фокус на нивната ЕУ-перспектива. изјави дека ја добивме десеттата препорака за почеток на преговори, а чекањето на 11-та препорака од ЕК следната година, нема да има лице да зборува да зборува пред граѓаните на Република Северна Макеоднија за европските перспективи на земјата.

Тој додаде дека најважната битка на неговата генерација е да направи услови за следната генерација да не ја напушти државата, да остане дома и да се бори за подобра европска држава.

Администрација

На конференција „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски Совет“ што денеска се одржа во Скопје, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, изјави дека се прават големи чекори во средува на хаосот што со децении бил создаван во институциите, како и целосна деполитизација на јавниот сектор преку Законот за високо раководна служба. Манчевски, исто така, истакна дека министерството работи и на имплементација на Законот за општа управна постапка, додека новиот Закон за инспекциски надзор, веќе усвоен во Собрание, својата примена ќе ја има кон крајот на годината.

Парада на гордоста

Советот за етика во медиумите (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упатија апел до медиумите да не дозволат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за упатување повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството додека известуваат за Парадата на гордоста на 29 јуни што ќе се одржи во Скопје.

СЕММ и ЗНМ апелираат сите регистрирани случаи на кршење на професионалните стандарди во известувањето на медиумите да се пријавуваат преку пополнување на формулар до Комисијата за жалбии преку пополнување на Обрзаец за претставка што може да се најде на сајтот на ЗНМ.

ЦИВИЛни активности

ЦИВИЛ организира мултимедијален настан и панел дискусија на отворено на тема „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“ во вторник, 25 јуни, во Мобилната галерија на ЦСУ, Градски Парк, со почеток во 20 часот.  Проекции на видео прилози и презентации за (не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество, ќе се одржат од 19 до 20 часот.  Панел дискусијата на истите теми, на која ќе говорат проф. Мирјана Најчевска, проф. Јасна Бачовска и активистката Мерита Максути од Еко Герила, ќе започне во 21 часот.

Исто така, ЦИВИЛ потсетува дека во тек е онлајн петицијата за укинување на привилегиите на функционерите што ја започнаа ЦИВИЛ и Работната граѓанска група за спроведување на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото. Со Иницијативата се бара, меѓу другото укинување на привилегиите на функционерите на локално и државно ниво, вклучително и раководителите на државни агенции и други институции. Поточно, Иницијативата се однесува на функционери, именувани или избрани, на локално или државно ниво.ЦИВИЛ ја покрена Иницјативата #КрајЗаРасипништвото со која се бара сите привилегии да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.

Петицијата е активна веќе пет дена и може да се потпише ТУКА.

Б. Јордановска

Share42TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ