Вест на денот – Катица Јанева на распит за „Рекет“
Помалку од еден час траеше распитот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.
Јанева која е третоосомничена за „Рекет“, околу пладне со полициско возило и придружба беше донесена во Обвинителството, а по распитот повторно е вратена во КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор.
Ова беше втор исказ на Јанева пред ЈО за „Рекет“, откако на 20 август годинава таа беше сослушана во својство на сведок, за следниот ден да биде приведена од нејзиниот дом во Скопје, а Јавното обвинителство за огранизиран криминал и корупција да информира дека ја проширува истрагата за случајот и за Јанева како третоосмничена да побара 30 дневен притвор.
Тимовите за преговори за ЈО согласни само дека треба да се запазат европските стандарди.
Отстапка во преговорите за ЈО само доколку се запазат европските стандарди од едната страна, додека пак другата бара вклучување на прв човек на обвинителството по предлог на опозицијата кој ќе ги задоволи европските стандарди. Ова се ставовите на преговарачките тимови за законот за Јавното обвинителство кои и вчера пропаднаа по околу еден час разговори.
Министерката за правда Рената Дескоска, предводник на тимот на власта, вели дека не може да биде оптимист знаејќи со кого преговара, но нагласи дека постои волја да отстапат до таму до каде што ќе бидат запазени европските стандарди. Додека пак лидерот на тимот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски бара исполнување на ветувањето на премиерот Зоран Заев кој рекол дека по две години од новата власт ќе дозволи предлогот за прв човек на ЈО да биде на предлог опозицијата. Претседателот Стево Пендаровски изјави дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до договор за законот за јавно обвинителство, ако има политичка волја. Претседателот смета дека работата околу законот е исчистена и има уште две – три спорни прашања за кои двете партии имаат различно мислење.
Флеш вести
Судот го одби барањето на обвинетите за запирање на постапката за „Титаник“
Судењето за „Маџар телеком” одложено за 30 септември
Заев на средби со Гутереш и Мицотакис, и на прием кај Трамп
Сопругот на Јанкулоска бара разрешување на Кацарска поради пристрасност во случајот „Тенк“
ЦИВИЛНИ активности
ЦИВИЛ организира конференција за изборни реформи: Перспективи на македонските избори, која ќе се одржи на 25 септември, утре, во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), со почеток од 12 часот.
На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем.
Колумна
РАФАЛ – Џабир Дерала
Кога некој бега од правда како вампир од лук
Така ни помина летото и ни почна есента. Во меѓувреме, баботи евроатлантската агенда. Луѓето се збунети, гледаат лево десно, како на пинг-понг натпревар. Де црна пропаганда, де чекори кон ЕУ и НАТО. Во што да поверуваат? Се губи време, драгоцено време, а тоа значи и многу пари, ресурси… Јавноста е нетрпелива, дополнително контаминирана со лажните вести и црната пропаганда на сѐ уште моќната и полна со пари, машинерија на режимот…
Д.Тахири