• Latest

27 јануари: Размена на навреди и погрдни зборови меѓу Јанева и Стефанова, лажни вести, законот за ЈО неизвесен…

January 27, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

27 јануари: Размена на навреди и погрдни зборови меѓу Јанева и Стефанова, лажни вести, законот за ЈО неизвесен…

January 27, 2020 19:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Јанева со погрдни зборови кон својата поранешна колешка Стефанова

„Гомнарке и ороспијо една“, беа зборовите со кои поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ѝ се обратила на својата поранешна колешка од СЈО, обвинителката Лиле Стефанова, по што била веднаш отстранета од судењето за „Рекет“, објавија повеќе медиуми денеска.

Пред крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облекла капутот да си оди, судијката Васка Николовска Масевска почнала да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета.

По навредите од Јанева, судијката наредила да биде изнесена од судницата, а на излегување Јанева дошла кај новинарите, застанала неколку секунди и рекла:

„Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“, нервозна и пред плачење рече Јанева.

БЛИЦ: Судир меѓу правдата и Сваровски судството

Џабир Дерала: Реформираното судство, почнувајќи од нов, европски закон за јавно обвинителство ќе значи и правда. А тоа значи и затворски казни за оние што фрлаа луѓе во ендек, влечеа луѓе за уши на гласање, крадеа, лажеа и тепаа. Наместо да се факторизираат и да шетаат слободни, ќе се соочат со полната сила на законите.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Ивановска, ДКСК, говори за перцепцијата за корупцијата и за новоотворениот предмет за членството на Дескоска во Венецијанската комисија

На прашањето на што се должи падот од 13 места на земјата во рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата, што го објави Транспаренси Интернешенел и дали е во прашање само случајот „Рекет“, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, за ЦИВИЛ МЕДИА, меѓу другото изјави:

Генерално, на само за нашата држава, впечатокот е дека постои високо ниво на политичка корупција, недоволна транспарентност во работењето на јавниот сектор, недоволен капацитет и неефикасност на контролните и регулаторни тела.

Во врска со номинацијата на министерката за правда, Рената Дескоска, за член на Венецијанската комисија, Ивановска за ЦИВИЛ МЕДИА изјави:

ДКСК отвори предмет за овој случај, за да се разграничат сите прашања поврзани со овој случај. Нас не интересира следното: кои се правилата за членување во Венецијанската комисија,  дали таа си има свои правила, критериуми, од друга страна каква е постапката за номинација од страна на нашата држава и дали сите овие постапки имаат некакви пречки со нашиот закон: дали тоа се смета за јавна функција или не, кај нас не смее да постои акумулација на јавни функции. Ние веќе имавме разговор, односно интервју со министерката Дескоска. Понатаму испративме писмо до Владата во кое побаравме да ни ги достави податоците околу нејзината номинација, но исто така ќе ги провериме и самите правила дефинирани во Деловникот и во Статутот на Венецијанската комисија и што тие предвидуваат.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ: Ѓорчев со лажни вести, законот за ЈО влегува во собраниска процедура, напнато судење за „Рекет“…

Од продукцијата на лажните вести, денеска ја издвојуваме објавата од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Тој на Фејсбук објави фотографија стара година и половина како да се работи за актуелна состојба.

Осомничените во предметот “Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што СЈО презема против нив. Надлежната обвинителка за овој предмет Лиле Стефанова, која сведочеше за предметот „Рекет“, рече дека истражителите ѝ објасниле дека при претресите извршени кај осомничениот Јордан Камчев, тие подготвени ги пречекале.

Стефанова изјави дека Јанева никогаш не се мешала во нејзината работа, сѐ до декември 2018 година, кога побарала да се даде позитивно мислење за одредување поблаги мерки за осомничените во предметот „Империја“.

На прашања од одбраната на обвинетата Катица Јанева, обвинителката Стефанова рече дека Јанева многу малку знаела за предметот „Империја”. Таа одговараше и на прашање во однос тоа кој знаел дека ќе се врши претрес кај Јордан Камчев.

– Информацијата дека ќе се врши претрес кај Јордан Камчев, не излезе од СЈО, туку однадвор. При претресот се најдоа нови телефони, штотуку ставени во употреба, рече Стефанова.

Законот за јавно обвинителство неделава влегува во собраниска процедура, а по неуспешната средба на партиските работни групи во петокот, нов обид за приближување на ставовите ќе биде јавната расправа што во вторник ќе ја организира парламентарната Комисија за политички систем. Премиерот Оливер Спасовски вчера најави дека законот за јавно обвинителство ќе биде доставен во Собранието многу скоро, и ги повика политичките партии да го поддржат.

 

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ интензивно продолжува со своите активности на терен. По успешниот семинар во Гостивар, ЦИВИЛ организира семинар за Југосточниот регион кој ќе се одржи на 8 февруари во Струмица, во хотел Есперанто.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Струмица

Право на учество на семинарот во Струмица ќе имаат граѓанките и граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилево, Ново Село, Конче, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

 

ОД НАШ АГОЛ

„Немаме уште многу време за единствено исправна реакција: филмот „Медена земја“ да се забрани за прикажување и какво било натамошно спомнување, а на неговите творци да им се отповикаат пасошите за да не можат да се вратат во татковината, бидејќи нацијата не може веќе да го апсорбира нивниот, нашиот успех!“, пишува Сашо Орданоски во својата денешна колумна „Време е „Медена земја“ да се забрани!“

ЦИВИЛ објави кратка анализа на мотивите зошто, ни по цела година, процесот на донесување нов закон за јавно обвинителство е на мртва точка. Во текстот под наслов „За да не го гласа Законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ „италијански“ лаже дека друг местел избори“, меѓу другото, се вели: „Само за илустрација, изборите врз кои удираат весникот „Ла верита“ и Мицкоски, оние во 2014-та се најкриминалните избори во историјата на државата, а ги организираше и ги украде Груевски со ВМРО ДПМНЕ. Во екот на тие избори се појави снимка со Загорац Тумбовски, кој потоа самиот за медиумите тврдеше дека дал 500.000 евра на Гордана Јанкуловска по налог на Груевски. СДСМ тогаш поднесе кривична пријава за парите примени во кеш. Овој случај го најави она што се случуваше потоа, а кулминираше со објавата на аудио материјалите од прислушувањето од страна на СДСМ.“

Ангела Петровска

во соработка со: Биљана Јордановска, Маја Ивановска, Сашо Орданоски, Џабир Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ