• Latest
Господ да го благослови  премиерот Никола Груевски, ноември, 2009 година.

27 мај, вонредна состојба, ден 69: Разрешен поглаварот на ИВЗ, крај на полицискиот час, Чулев не одговори на ниту едно од 9-те прашања од ЦИВИЛ Медиа

May 27, 2020
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

27 мај, вонредна состојба, ден 69: Разрешен поглаварот на ИВЗ, крај на полицискиот час, Чулев не одговори на ниту едно од 9-те прашања од ЦИВИЛ Медиа

May 27, 2020 16:38
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Господ да го благослови  премиерот Никола Груевски, ноември, 2009 година.

Господ да го благослови премиерот Никола Груевски, ноември, 2009 година.

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Експресно разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на РСМ со 2/3 мнозинство донесе одлука за разрешување на Реисот Сулејман Реџепи од функцијата. До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија, Ефенди Шаќир Фетаху. Одлуката за разрешувањето на Реџепи стапува во сила денеска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Димитров: Потребни се солидарност и соработка за надминување на последиците од пандемијата

-На сите ни е јасно дека само преку координиран пристап проткаен со солидарност, соработка и несебична размена на знаења и добри практики ќе ги пребродиме последиците од иницијалната криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето на видео-конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива и министерски состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУАСИР), чиј главен фокус беше координацијата во справувањето со последиците од пандемијата со короната.

– Претставува задоволство што на денешнава конференција во рамки на овој важен форум за регионална соработка и промоција на ЕУ интегративните процеси, кон кој пристапивме пред две години, е потенцирана и убавата симболика со одлуките на Советот на ЕУ во март годинава за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, чие натамошно ефектуирање ќе биде во фокус и на претстојното словенечко претседателство со Иницијативата, нагласи Димитров.

КРАЈ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС: На вчерашната седница Владата донесе одлука од денеска да престане важењето на забраната за ограничено движење, а угостителските објекти да почнат да работат од утре. За угостителските објекти се прецизирани протоколи во зависност дали се затворени или имаат тераси.

Одлуката за попуштање на мерките е донесена врз основа на исполнети услови, анализа и стручно мислење на епидемилозите од Комисијата за заразни болести, како што изјави  премиереот Оливер Спасовски на прес конференцијата на којашто се соопштија одлуките од седницата.

СОСТОЈБА СО КОВИД-19: Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и тоа 11 во Скопје, 4 во Куманово, 1 во Тетово и 1 во Велес.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа: 14 во Скопје, 2 во Куманово, 4 во Штип, 1 во Прилеп, 2 во Тетово, 1 во Струга и 1 во Велес.

Досега во земјата се направени вкупно 26.463 тестирања. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега, преку скрининг, направени се 2.680 тестирања, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1.470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.

НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС: Против вкупно 21 лице Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради непочитување на полицискиот час.

Според  ЈО, обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час. ЈО предложи парични казни од по 100 дневни глоби со висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

АНТИКОРУПЦИСКА (ДКСК) ќе упати барање до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) да изврши вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во однос на постапката за избор на ректор на УКИМ,  за избор на претседател на Сенатот и да преземе мерки согласно своите надлежности.

*

АНТИКОРУПЦИСКА (Државна комисија за спречување на корупцијата), во врска со дивоградбите на крајбрежјето на Охридското езеро, ги повикува Владата во соработка со надлежните институции, Министерството за транспорт и врски, Државниот градежен инспекторат, Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за заштита на културно наследство, да постапат согласно регулативата и да ја применат преку конретни мерки и активности.

*

Министерството за економија ќе ја разгледа, но и ќе ја обжали одлуката на Управниот суд за „Еуромакс“ во други инстанци зашто е убедено во исправноста на раскинувањето на концесијата, соопшти денеска министерот Крешник Бектеши.

*

Со завршување на вонредната состојба, продолжуваат сите изборни дејствија. Одлуката е на претседателот дали ќе продолжи. Ние до крајот на неделата мораме да ги завршиме тие анализи и да одлучиме дали ќе бараме или не продолжување на вонредната состојба, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање дали укинувањето на рестриктивните мерки значи и дека ќе се укине вонредната состојба.

ИЗЈАВА БЕЗ ИЗЈАВА: Чулев не одговори на прашањата од ЦИВИЛ Медиа

Во пресрет на денешната прес конференција на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, ЦИВИЛ МЕДИА постави 9 прашања. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев не даде конкретен одговор на ниедно прашање од ЦИВИЛ Медиа. На самиот крај на прес конференцијата, Чулев ги скрати и обопшти прашањата и одговори:

„Она што сакам да ве информирам е дека Министерството за внатрешни работи на најтранспарентен начин ја информира јавноста во врска со сите случаи од делот на Министерството за внатрешни работи, и за наведените случаи Министерството за внатрешни работи веднаш презема активности во соработка со Основното јавно обвинителство со цел идентификување на лицата инволвирани во настанот и со поднесување на соодветни поднесоци во соработка и координација со Јавното обвинителство, а во однос на евентуално непостапување на полициските службеници надвор од овие протоколи и правилници констатирам дека како Министерство за внатрешни работи постапува одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди, и како и што сме правеле до сега штом се завршат овие истраги значи ќе биде јавноста благовремено информирана.“

СЛОБОДНА ЗОНА

Тема на денешната колумна на Сашо Орданоски  „Огромна брука за САД“, е неуспешното справување на САД со пандемијата.

-Американскиот проблем, се разбира, не е само во големината на бројките на починатите. Подмолноста на ковид 19 го изненади целиот свет и може да се тврди, особено ако се „игра“ со споредбените и сè уште некомплетни статистички податоци, дека и многу други земји поминуваат лошо или и полошо во справувањето со вирусот. Светот уште долго ќе се занимава со анализите за поставеноста и структурите на здравствените системи и здравствените политики, како и со тоа кој, како и кога можел и требал да предвиди, да преземе, да одлучи, да пресече, да делува…

Д. Тахири

 

 

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ