• Latest

27 март, вонредна состојба, ден 9: Република Северна Македонија – членка на НАТО, нови 18 случи на корона вирус, лажните вести и говорот на омраза и нивната (не)казнивост…

March 27, 2020

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

27 март, вонредна состојба, ден 9: Република Северна Македонија – членка на НАТО, нови 18 случи на корона вирус, лажните вести и говорот на омраза и нивната (не)казнивост…

March 27, 2020 17:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Република Северна Македонија полноправна членка на НАТО

Во Стејт департментот преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон денеска ќе се депонира македонскиот „инструмент за пристапување“ кон Северноатлантскиот договор. Тоа е последниот, формален, чекор со кој земјава станува 30-та членка на НАТО.

По тој повод министерот за надворешни работи Никола Димитров  имаше „видео средба“ со амбасадорот Филип Рикер во 16:30 часот.

За овој стратешки успех на нашата земја со видео изјава на граѓаните им честиташе и претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Иако поради тешкиот период низ кој поминуваме не можеме да се израдуваме и да ги одбележиме овие настани како што доликува, сепак, станува збор за историски успеси кои по три децении независност, конечно ја потврдуваат македонската безбедност и ја гарантираат нашата иднина“, изјави тој.

Честитки до припадниците на Армијата, но и до сите што помогнаа на патот кон полноправното членство во НАТО упати и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Членството во НАТО не го добивме како подарок, туку го сработивме и го заслуживме со многу тешки реформи, но и со видливи резултати. Армијата на Република Северна Македонија сега е и НАТО Армија и заедно сме горди на нашиот успех“, истакна Шекеринска.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во видео изјава по повод полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, рече дека овој 27 март 2020 година ќе влезе во историјата на нашата земја по речиси 30 години чекање.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 9

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција потврди дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на корона вирус и тоа Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Охрид (3), Велес (3), Кавадарци (2), Тетово (2), Гостивар (1). Филипче потенцираше дека засега има 3 излекувани и 3 починати граѓани.

*

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, денес организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб. Повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови  ќе бидат превезени и 9 странски државјани, 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово.

*

Фондот за здравствено осигурување соопшти дека има формирано здравствени услуги за лабораториска дејност во зависност од техниката за детекција на инфективни причинители која се користи во здравствените установи кои имаат договор со Фондот, а се однесуваат за инфекции со корона вирусот и тоа лабораториски услуги за серолошки анализи на инфективните причинители (ЕЛИСА, ИгМ или ИгГ) со референтна цена од 1.100 денари и лабораториски услуги за молекуларни анализи за инфективни причинители и истите во зависност од техниката (Полимеразно верижна реакција- PCR и Мултиплекс PCR) и бројот на причинители (еден, повеќе или цел сет на вируси) кои истовремено се детектираат. Од Фондот посочуваат дека постојат повеќе различни лабораториски услуги со референта цена од 3.000 до 5.500 денари.

*

Обезбедени се 55 респираторни машини од кои 25 од страна на Канцеларија на ОН за проектни услуги  (УНОПС), преку средствата обезбедени од Норвешка и 30 преку УНДП од добавувач од Кина, за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со корона вирусот, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

*

Екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема вчера достави околу 500 маски на голем дел од клиниките. Планот е да се изработат најмалку 6.000 заштитни маски со визири во најкраток можен рок.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Техничкиот Министер за внатрешни работи, Наќе Чулев изјави дека откако е прогласена вонредна состојба, на ниво на Скопје, полицискиот час најмногу не се почитува во Шуто Оризари, а на државно ниво во Струмица. По објавата на текстот на ЦИВИЛ Медиа „Невистинити се тврдењата на Чулев дека во Шуто Оризари и Струмица најмногу не се почитува полицискиот час“, Чулев излезе со Фесјбук статус дека што се однесува до Шуто Оризари поднесени се вкупно 4 кривични пријави за граѓаните на Шуто Оризари за непочитување на мерката за ограничување на движењето, предупредени се 2 лица, а уште 4 кривични пријави се во фаза за поднесување со ОЈО.

*

УЈП со продолжено работно време со цел да им помогне на обврзниците во процедурите пред Развојната банка на Северна Македонија. Од денеска УЈП го продолжува работното време од 08:00 до 14:00 часот во Регионални дирекции/одделенија/шалтери.

*

Деталите како ќе ја спроведат Уредбата за олеснување на договорните кредитни услови банките најавуваат дека ќе ги објават многу скоро. Информациите ќе ги споделат на своите веб-страници. Велат дека интензивно работат на концептите за репрограмирање на кредитната изложеност на физичките лица и на фирмите кои ги исполнуваат критериумите од Уредбата, која беше донесена од страна на Владата.

*

Целосно или делумно прекинатото производство во дел од фабриките во индустријата и затворените угостителско-туристички објекти поради корона кризата ги доведуваат во прашање работните места на илјадници лица. Дел од работодавачите засега наоѓаат модалитети да ги задржат работниците, но невладините организации за работнички права веќе информираат за случаи дека работници се одјавени, а воопшто не знаеле. Експертите, пак, препорачуваат државата што поскоро да излезе со помош за фирмите. Задржувањето на работниците, истакнуваат, ќе биде клучно и за повторно нормализирање на производството и закрепнување откако ќе заврши кризата.

ИНТЕРВЈУА

„Министерството за внатрешни работи досега има поднесено 10 известувања до Основното јавно обвинителство за ширење на лажни вести и дезинформации во врска со КОВИД-19“, вели заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

„Недостигот на институционална волја за решавање на случаите каде се регистрира говор на омраза , покажува дека човековите права не се заштитени и тоа испраќа лоша порака“, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ кој за ЦИВИЛ Медиа зборуваше и за правните механизми кои стојат на располагање за заштита, можностите да се откријат кои се авторите на говорот на омраза со сокриен идентитет,  одредбите кои постојат во законското решение, праксата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) наспроти непостапувањето на домашните институции.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Фросина Ременски навлезе во анализа на влијанието на Ковид-19 глобално, во повеќе сфери од политичко и општественото уредување „Ковид-19, реверзија на нација-држава или глобалната (не)солидарност?! “

„Во емисијата на ТВ Алфа се гледа едно крајно арогантно, вулгарно и неодговорно однесување, отворена злоупотреба на функцијата и очигледно слугување на добро познатата агенда на криминално-политичкото подземје во нашата земја“, вели Џабир Дерала во денешниот рафал „Срамота!“

„Мој длабок наклон, храбри дами!“ – Сашо Орданоски до сите насмеани жени во бели мантили.

Биљана Јордановска

во соработка со Дехран Муратов

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ