• Latest

Невистинити се тврдењата на Чулев дека во Шуто Оризари и Струмица најмногу не се почитува полицискиот час

March 27, 2020
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Невистинити се тврдењата на Чулев дека во Шуто Оризари и Струмица најмногу не се почитува полицискиот час

March 27, 2020 12:32
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот Министер за внатрешни работи, Наќе Чулев изјави дека откако е прогласена вонредна состојба, на ниво на Скопје, полицискиот час најмногу не се почитува во Шуто Оризари, а на државно ниво во Струмица.

Меѓутоа, во изминатите денови откако започна вонредната состојба, според билтенот на Министерството за внатрешни работи нема регистрирани случаи во Шуто Оризари дека го прекршиле полицискиот час.

Министерот Чулев истакна дека покрај Шуто Оризари, на ниво на држава најмногу не се почитува полицискиот час во Струмица и струмичкиот регион. Случајно или не, Чулев го посочи токму градот на лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, дека тамошните жители не ги почитуваат владините мерки за борба против ширење на Ковид-19, односно полицискиот час.

А, можеби Чулев мислеше и на струмичкото „циганско маало“ за кое слушнавме во „бомбите“ како екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска наредуваше „циган по циган да се фати за уши и да се носи на гласање“, па можеби сега тие жители аздисале и одбиваат да го почитуваат полицискиот час? Но, тоа се само претпоставки, оти не знаеме од каде му се тие информации на Чулев, бидејќи според официјалните бројки од полициските билтени покажуваат дека ниту Шуто Оризари, а ниту Струмица не се општините кои имаат најмногу пријави за непочитување на полицискиот час!

Со реакција се јави и Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш кој бара јавно извинување од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев за изнесените невистини во изјавата на ТВ Сител.

„Согласно податоците на полициското одделение во Шуто Оризари, изминативме 5 дена откако е ставен во сила полицискиот час нема ниту една пријава против граѓанин кој го прекршил полицискиот час. Го молам г-дин Наќе Чулев да се извини на сите граѓани на нашата општина и во иднина да пренесува информации со бројки, а не претпоставки базирани на минато искуство од режимот кога Шутка им беше „дежурен кривец“, користејќи го методот на помал отпор и „влечење за уши еден по еден“. Во вакви времиња најмалку што ни треба е дополнителна изолација, стеротипизација и манипулација со бројки на наш грб“, стои во реакцијата на Дудуш.

Министерот Чулев со ваквата изјава не направи ништо добро, освен тоа што предизвика да се зголеми говорот на омраза на социјалните мрежи кон ромската заедница, како на пример коментарите: „Циганска работа, сите ќе нè заразат“, „Таму треба само како во Индија да се постапува, со стап“, итн… Нека му каже некој на Чулев дека со вакви изјави само го зголемува револтот кај граѓаните, и дека во овој момент треба да внимава што ќе каже во јавните настапи. Има време за политичка кампања, сега политиката нека ја остави во мирување…

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ