ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЗАПОЧНА РАСПРАВАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
Денеска, во 14 часот започна расправата за Законот за Јавно обвинителство во Собранието на Република Северна Македонија. За законот зборуваат, правници, експерти, професори. Се очекува расправата да трае до 18 часот, по што ќе продолжи утре.
Најжешкото прашање за опозицијата, се разбира, се однесува на предметите што ги започна СЈО. Опозиционерите, впрочем, се и најзасегнати со ова прашање и целата битка што ја водат е обид да ги затворат предметите и да ја избегнат одговорноста за нив.
БЛИЦ: И правдата не е слепа, и кругот не е тркалезен…
Маја Ивановска: Единствените предлози за корекции на Законот предложени од екс-кандидатката за претседателка на земјата Гордана Силјановска Давкова се однесуваа на сѐ, освен на правото.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Камбовски: Без владеење на правото нема перспективи за Република Северна Македонија
ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ – ДОБРИ ИЗВЕШТАИ, ЛОШИ ПРАКТИКИ
Продолжуваат дневно-политичките препукувања на секоја тема и на сите нивоа. Па така, техничкиот министер за внатрешни работи денеска на прес-конференција нѐ „извести“ за текот на истрагата за скандалот со групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм.
Добро, прес-конференцијата, всушност, имаше очигледна цел, тоа да биде уште една партиска жалопојка, за што заслужено го обвини и неговата заменичка Петровска.
Како и да е, јавноста, сепак, дозна дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ги идентификува сопственикот на групата Д.К. од Скопје и администраторот Д.К., исто така од Скопје.
Здрав банкарски систем и соодветна монетарна политика е заклучокот од Извештајот за Република Северна Македонија за 2019 година кој денеска го објави Меѓународниот монетарен фонд. И покрај сите опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ во носењето на законите, како што беше и последниот случај со носењето за Законот за минималната плата, нештата сепак се движат, а тоа го покажува и извештајот на ММФ.
Позитивен извештај и од Парламентарното собрание на советот на Европа, каде Македонија се издвојува од другите земји од поранешна Југославија поради намалениот притисок и гонење на новинарите.
НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО
Авторите на „Медена земја“ на Оскаровски ручек во Лос Анџелес
Швајцарски искуства за да се зголеми интересот за стручното образование
Европски ден за заштита на личните податоци – колку приватноста на интернет познава граници?
СКЕН – ПОЛИТИЧКИ МАГАЗИН: РЕКЕТ ХРОНОЛОГИЈА
СЛОБОДНА ЗОНА
За паметот за компромитација и пропагандистичките центри повеќе во денешната колумна на Орданоски – Многу нешто смрди во „Јавната соба“.
М. Ивановска
во соработка со: Арбен Зеќири, Биљана Јордановска, Петар Клинчарски, Игор К. Илиевски и Сашо Орданоски