• Latest

28 јуни: Нови министри, промена на полот, гласови и гласање и Парада на гордоста

June 28, 2019

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

28 јуни: Нови министри, промена на полот, гласови и гласање и Парада на гордоста

ДНЕВНИК: Најактуелните вести на денот во дневникот на ЦИВИЛ - во исчекување на првата Парада на гордоста во државата, новата реконструкција на Владата, швајцарска поддршка за изборните реформи во РСМ...

June 28, 2019 18:17
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новите министри

Собранието на Република Северна Македонија синоќа доцна, по многучасовна расправа ги изгласа новите министри предложени од премиерот Зоран Заев. Насер Нуредини ќе раководи со Министерството за животна средина, Горан Милевски со Локална самоуправа, Садула Дураки со Политички систем, Трајан Димковски со Земјоделие и Хусни Исмаили со Култура. Премиерот Заев изјави дека промените за реконструкција на Владата се до не повеќе осум луѓе,  затоа предложиле промена на седум. Тој најави дека промените ќе продолжат и во други институции, на централно ниво, на подрачни единици, јавни институции…

МВР акција

Министерството за внатрешни работи утрово уапси десетмина граѓани по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Поголем број од нив се вработени во Министерството за транспорт и врски. Тие од ОЈО се обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување. Акцијата е резултат на неколку месечна сеопфатна предистражна постапка. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес.

Промена на полот

Министерството за здравство соопшти дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа. Оваа одлука доаѓа по лавината реакции по изјавата на министерот за здравство Венко Филипче, дека операциите за промена на полот ќе бидат на сметка на Фондот за здравство и дека нема да се плаќаат приватно како досега.

Гласање и гласови

Изложбата „Гласање и гласови“ – постери од швајцарските кампањи од 1918 до денес на  Museum für Gestaltung Zürich што вчера се отвори во Музејот на Современа уметност во Скопје го одбележи  почетокот на проектот поддржан од Швајцарија „Поддршка за изборните реформи во Северна Македонија“. Овој проект има за цел да ги поддржи демократските и веродостојните изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност.

ЛГБТИ заедница

Во Македонија оваа година за прв пат ќе се одржи Парада на гордоста, на 29 јуни, која ќе започне од паркот Жена борец во 12 часот и ќе се движи кон Градскиот парк. На крајната точка, Школка во Градски парк, ќе настапат дрег кралиците Линда Социјалиста и Каја Мор. Покрај предвидените обраќања, ќе има и музичка програма во која ќе учествуваат Тамара Тодевска, Принцез Донатсу и диџеите Ивана Драгшиќ, Зоки Бејбе, Ири Скреч, Ана Мало и Узун Баба.

Она што одбележа месецот на гордоста, зоткако се објави за првата Парада на гордоста во Скопје, говор на омраза и хомофобија…

Кочо Андоновски, еден од организациониот одбор на Парадата, изјави дека и покрај тоа, тие добиле голема поддршка.

,,Откако објавивме дека ќе го одржиме првиот Скопје Прајд, евидентни беа обидите со омраза да се засени пораката за еднаквост и да се потцени можноста за зголемување на свесноста за хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Но и покрај тоа, добивме голема поддршка и многумина нè контактираат да ни кажат дека ќе дојдат со нас на 29-ти јуни, да го изодиме маршот – во спомен на сите борци за човековите права на ЛГБТИ заедницата во минатото, со поддршка на сите маргинализирани групи и борци за човековите права во оваа дестабилизирана сегашност и со идеја за општество каде сите ќе се еднакви – за идните генерации“, изјави Андоновски.

Б. Јордановска

 

Share29TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ