• Latest

3 април, вонредна состојба, ден 16: Декларација на членките на НАТО, нови 46 случаи на КОВИД-19, во Куманово цел викенд полициски час…

April 3, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

3 април, вонредна состојба, ден 16: Декларација на членките на НАТО, нови 46 случаи на КОВИД-19, во Куманово цел викенд полициски час…

April 3, 2020 17:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Декларација на земјите членки на НАТО

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО по завршување на вчерашниот состанок објавија заедничка Декларација во која се поздрави влезот на Северна Македонија како 30 членка на НАТО. Воедно, НАТО се мобилизира против пандемијата, а земјите членки на Алијансата оддаваат признание на здравствените работници, како и на сите други што се во првите редови во битката против корона вирусот.

„Дури и кога правиме апсолутно максимални напори да го запреме, а потоа и надминеме овој предизвик, НАТО останува активно, фокусирано и спремно за да ги изврши своите основни задачи: колективна одбрана, управување со кризи и заедничка безбедност. Нашата способност да ги водиме нашите операции и да гарантираме задржување и одбрана против сите закани со кои сме соочени не е доведена во прашање. Денес донесовме и дополнителни одлуки за зајакнување на улогата на НАТО во соочување со сегашните и идни безбедносни предизвици“, стои во Декларацијата.

На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-сојузнички, командантот на сојузничките сили на НАТО доби задача да ги координира напорите на Алијансата во борба против корона вирусот. НАТО треба да ги усклади потребите на земјите кои се во пикот на пандемијата со можностите на сојузниците кои имаат расположиви ресурси, за да го олесни сузбивањето на пандемијата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Од нас зависи колку силно ќе удри „чеканот“ и колку долго ќе трае „танцот“ во борбата против корoна вирусот

„Ова е заедничка борба за сите нас, од нас зависи колку силно ќе удри „чеканот“ и колку долго ќе трае „танцот“. Да бидеме одговорни и сериозни, да ги почитуваме во целост мерките и задолженијата затоа што тие се за наше добро. Само така ќе излеземе како победници од оваа глобална здравствена и економска закана“, пишува Зоран Заев на својот Фејсбук профил повикувајќи се на статија објавена на medium.com

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 16

Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник. Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

*

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на корона вирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица.

Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

*

Околу триесетина ромски семејства, од кои десетина малолетни деца, кои живеат во импровизирани куќички во скопската населба Маџари, во близина на Кванташки пазар, се едни од најпогодените од кризата со корона вирусот. Тие велат дека поради корона вирусот полицијата не им дозволува да работат, односно да собираат пластични шишиња и картони за да се прехрануваат. Оставени се како што велат „во милост и немилост на државата“, и додаваат дека досега не добиле помош од Црвен Крст.

*

Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 бара од Владата да се донесе одлука за целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утврдени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот и засилени поригорозни мерки за ограничувања. Од МВР се бара да врши постојан увид и контрола во состојба и почитување на мерката за собирање на групи и движење на граѓаните, не повеќе од пет како и запазување минимално растојание од 2 метри  на следните локации: КЕЈ, Градски парк, Плоштад, Соколана и Парк кај градски базен.

*

Денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје министерот Чулев ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.

*

Во кумановската болница има 11 здравствени работници позитивни на корона вирусот. Директорката на болницата Снежана Захариева изјави дека од вкупно заболените двајца се доктори, тројца се ренген техничари, три се сестри на Одделението за хирургија, две се сестри на Инфективното одделение и една медицинска сестра од Одделот за неонатологија.

*

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска го потпиша финансискиот пакет вреден четири милиони евра за итни медицински потреби на Северна Македонија, како одговор на кризата со Ковид-19. Помошта од ЕУ овозможува набавка на маски, вентилатори, комплети за тестирање, медицинска опрема и значителни количини на опрема за лична заштита. Таа ќе биде спроведена од УНОПС – Канцеларијата на ОН за проектни услуги.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Педесет илјади тестови за КОВИД-19, десетина илјади литри раствори за дезинфекција, но и големо количество медицинска и заштитна опрема е наведена во македонското барање до НАТО Евро-атлантскиот Центар за координација на одговор на несреќи, испратено на 30 март. Центарот за координација на одговор на несреќи е тело на Алијансата кое, во вакви ситуации, ги прима барањата на сојузниците на кои им е потребна помош, и ги ускладува со вишокот или расположливите капацитети на други сојузници, кои можат да помогнат. Тоа е и наведено во последната точка на документот во кој е опишано барањето за помош на Македонија.

*

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја посети кумановската касарна „Боро Менков“, а потоа и граничниот премин Белановце. При средбата со припадниците на Армијата, таа рече дека тука е за да им изрази поддршка и благодарност на припадниците на Армијата кои во овој период на вонредна состојба целосно ја преземаа контролата на државната граница од МВР и на граничните премини им се поддршка на полициските службеници.

*

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 28 март до 1 април спроведе 277 надзори во повеќе градови низ државата. Притоа изрече пет решенија на месарници и маркети за констатирана лоша општа хигиенска состојба и им нареди веднаш да извршат дезинфекција, дератизација и дезинсекција. Како што соопшти на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, со надзорите на АХВ, освен месарници и маркети, биле опфатени и угостителски објекти и производствени објекти, како и зелени пазари.

*

Во Тетово над 160 работници во фабрика за производство на предиво и волница остануваат без работа, а луѓето обвинуваат дека од страна на раководството им било извршено принуда да потпишат анекси на договорите за работа. Велат дека иако добиле договори за работа на три месеци, биле принудени за истите да потпишат анекси и со тоа останале без работа. Тие сметаат дека се изиграни со цел да не да добијат плати за февруари и март.

*

Советот на Град Скопје денеска одржува седници на отворено, на просторот пред салата на Советот на Град Скопје, поради пандемијата со корона вирусот во државата. Како што соопшти Град Скопје, на 50-та редовна седница советниците ги разгледуваа Предлог-годишната сметка на Буџетот на Град Скопје за 2019 година и Годишниот извештај на Град Скопје за 2019 година. На шестата вонредна седница ќе се расправа за економските мерки што ги презема Градот, за ублажување на економските последици од настанатата состојба.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Не е време за трка по „кликови“, сега е време за чесно, објективно и сериозно информирање на јавноста!

ЦИВИЛ им честита на медиумските работници, особено на новинарките и новинарите, кои секојдневно работат напорно и вредно, изложувајќи се на ризиците што ги носи пандемијата на корона вирусот, и ја информираат јавноста за сѐ што се случува во земјава и во светот.

Воедно, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека спроведува континуиран мониторинг на медиумската работа и на јавните настапи и дејствувањето на политичките партии, институциите и други формални и неформални ентитети во земјава. Мониторингот на ЦИВИЛ бележи дека, за жал, лажните вести и дезинформации, како и говорот на омразата и стигматизацијата во медиумите, а особено на социјалните мрежи не стивнуваат во периодот на вонредните мерки за спречување на заразата од КОВИД-19.

ЦИВИЛ ја повикува Владата и Министерството за здравство веднаш да реагираат на овие појави, и да се санкционираат оние „извори“ што даваат непотврдени и неточни информации на одредени медиуми, со цел да се спречи паниката за ширењето на корона вирусот.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Никогаш не е прерано да се мисли за подоцна“, вели Сашо Орданоски: лобално, здравствената криза (која уште не е ни приближно ескалирана до своите максимални трагични димензии) несопирливо прераснува во најопасната економска криза во последните стотина години и брзо се „прелева“ со мортална закана врз демократијата во светот. Тоа е контекстот во кој се наоѓа и Македонија. Меѓутоа, во ваквиот несопирлив след на околностите, си мислам дека имаме некаква мала, историска „среќа во несреќа“: што власта, сега и овде, ја предводи на многу нивоа „несовршениот“ СДСМ, а не на многу нивоа „совршената“ ВМРО-ДПМНЕ.

 Биљана Јордановска

во соработка со Дехран Муратов, Игор К. Илиевски

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ