• Latest

3 јули: Самит во Познањ, заедничко претседавање, премиерот со поддршка за Рашковски…

July 3, 2019
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

3 јули: Самит во Познањ, заедничко претседавање, премиерот со поддршка за Рашковски…

Дневник

July 3, 2019 16:57
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Самитот во Познањ за европските перспективи и нерешените прашања

Во фoкусот на самитот се регионалната соработка, поврзувањето, мобилноста, интеграцијата на Ромите, растот на економијата и начинот на надминување на актуелните предизвици, јавуваат агенциите.

На самитот е најавено присуство на шефови на влади, министри, претставници на невладини организации од шестте балкански држави и од неколку западноевропски земји.

Се очекува земјите-членки на Европската унија, учесници на Самитот, како што се Германија, Австрија, Италија, Полска и Бугарија да се обидат да ја поттикнат соработката меѓу Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија, наспроти конфликтите и нерешените прашања што постојат меѓу одредени држави. Ќе се разговара за заедничките инфраструктурни проекти, за научната соработка, заемното признавање на дипломите, размената на млади и олеснувањата во трговијата, како што се заеднички царински премини.

Најавено е присуство на германската канцеларка Ангела Меркел на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка меѓу државите од Западен Балкан.

Европарламентарците со различни реакции за новите номинации во ЕК

Вчера завршија повеќедневните преговори за челните позиции на Европската Унија.

На чело на Европската Комисија е избрана германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, на местото на Жан Клод Јункер. На местото на Федерика Могерини е избран шпанскиот министер за надворешни работи, Џозеф Борел.

На челното место на Европскиот Совет е избран белгискиот премиер Шарл Мишел, на местото на Доналд Туск, а Кристин Лагард од Меѓународниот монетарен фонд ќе биде на чело на Европската централна банка.

Преговорите за номинации на првите луѓе на Европската Комисија се водеа неколку дена, а конечните одлуки се резултат на долгите задкулисни договори. Доналд Туск изјавил дека препорачал Собранието да избере социјал – демократ за првата половина од мандатот и конзервативец од ЕПП за втората половина.

Тој, исто така, доставил понуда за претседател на парламентот од Источна или Централна Европа. Туск изјави дека сé уште постои „огромен знак прашалник“ за тоа дали Европскиот парламент ќе ги одобри номинираните кандидати кои треба да ја предводат Европската унија во наредните пет години, особено за кандидатките за шефици на Европската комисија Лејен и на Европската централна банка, Лагард.
Одреден број на европарламентарците не се сложија со номинациите, но сепак изјавија дека ќе ги поддржат. Манфред Вебер од ЕПП изјави дека тие се подготвени ги поддржат номинациите, иако подвлече дека овој избор не е по нивен терк.

Заев го поддржува Рашковски, „метла“ за неколку директори од вторник

Премиерот Зоран Заев засега нема да бара оставка од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за М-НАВ. Како што изјави денеска, најпрво треба да се согледаат последиците од целиот настан, па потоа да се донесе одлука. Заев нагласи дека Рашковски ги исполнува сите свои работни обврски, а и јавно се извини за случајот.

Тој лично ќе испрати писмо до „Леонардо“, со извинување од име на Владата. Тоа ќе го стори и кон ромската заедница во земјава.

УНЕСКО одлучува за судбината на Охридскиот регион

Охридскиот регион денеска е на дневен ред на  43 сесија на УНЕСКО која се одржува во Баку, Азербејџан, на која ќе се разгледува и предлогот  Охридско да најде на листата на загрозени светски културни наследства.Советодавните тела на УНЕСКО (ИКОМОС, ИУЦН и ИКРОМ) преку своите претставници ги образложија забелешките и причините зошто сметаат дека Охридскиот регион треба да се најде на листата на загрозени.

Претставниците на Австралија, Куба, Кувајт, Кина, Шпанија, Бразил, Тунис, Унгарија, Босна и Херцеговина побараа да се даде дополнителен период на Северна Македонија за да ги имплементира препораките од УНЕСКО, додека, пак, претставникот од Албанија го истакна значењето на Охридско езеро за двете земји и неговиот статус како светско културно наследство.

Министерот без ресор Едмон Адеми пред присутните на сесијата истакна дека се преземени сите мерки и се работи на преораките на УНЕСКО, но мора да се има предвид дека сегашната Влада е формиран два месеци по извештајот на УНЕСКО од мониторингот на Охридскиот регион.

Македонија и Бугарија ќе претседаваат со Берлинскиот процес за евроинтеграции

Северна Македонија и Бугарија заеднички ќе претседаваат со Берлинскиот процес за поддршка на регионалната соработка и евроинтеграциите на регионот во наредните 12 месеци, а ова ќе биде соопштено во рамки на Самитот за Западен Балкан во Познањ, Република Полска.

Како што информира владината прес-служба на годишниот Самит за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Познањ, Република Полска, земја која во изминатите 12 месеци беше претседавач со Берлинскиот процес во чии рамки се одржува самитот,  премиерот Зоран Заев утре и задутре ќе предводи владина делегација.

Обвинителството ја отфрли кривичната против Канческа-Милевска

Скопското обвинителство ја отфрли кривичната пријава на Финансиската полиција за несовесно работење во службата против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, нејзиниот заменик Драган Недељковиќ и против раководител на секоторот за финансиски прашања во министерството.

По распитот, вештачењата и барањето на докази, обвинителот донел решение дека нема основ за сомнение дека пријавените сториле кривично дело кое се гони по службна должнот, и ја отфрлил пријавата.

Ангела Петровска

Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ