• Latest
Фото: Скриншот

30 дена Влада: Мицкоски се пофали со големи инвестициски проекти, СДСМ наведе 30 лоши политики за 30 дена владеење на ВМРО – ДПМНЕ

July 25, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

30 дена Влада: Мицкоски се пофали со големи инвестициски проекти, СДСМ наведе 30 лоши политики за 30 дена владеење на ВМРО – ДПМНЕ

July 25, 2024 15:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски со промотивно видео на неговиот Фејсбук профил ги објави досегашните проекти и инвестиции во првиот месец од новата влада.

Инвестиција вредна 500 милиони долари влегува во Македонија. Изградба на најголемиот парк во државата и регионот од 55 ветерници – 630 работни места.Нова инвестиција од 20 милиони евра и нови 110 работни места.Над 55 инвестициски милиони евра и отворање на 100 нови работни места во ТИРЗ зоната. Воспоставување на специјална економска соработка со Унгарија. 5000 денари линеарно зголемување на пензиите;. 250 милиони евра за општините во Македонија.

Дополнително, премиерот Мицкоски се пофали дека меѓу успесите на Владате е и промовирањето на мир, стабилност и владеење на меѓународното право. Работа, посветеност и енергија за секој еден човек, за да го заврши неговиот статус на Фејсбук со слоганот „Македонија се сака со дела!“.

Од друга страна опозициската СДСМ денеска преку соопштение наброја 30, како што ги нарече, „лоши политики“ за 30-те дена од новата влада на Христијан Мицкоски. СДСМ тврди дека тоа биле „убедливо најлоши политики за рекордно кратко време“.

Меѓу другото, СДСМ оценува дека владата го прекинала растор на платите, направило 4 нови министерства „за вдомување партиски кадри“, отворило проблем со Грција и ја блокирало земјата, скришно го користела името Северна Македонија, не обезбедила 5.000 денари за пензионерите, толерирала масовен раст на криминалот по улиците и слично.

Еве кои се, според СДСМ,  успесите на премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во првите 30 дена :
  1. Да го прекинат растот на платите, една од најдобрите политики на СДСМ.
  2. Да се направат четири нови министерства за вдомување на партиски кадри
  3. Да ја задолжат државата на рекордни 68% јавен долг
  4. Да го зголемат буџетскиот дефицит со ребалансот на рекордни 4,9%
  5. Да отворат затворен проблем со Грција и да ја блокираат одново земјата.
  6. Да се возат со другарите министри во луксузни бизнис класи и да кријат за тоа
  7. Да си прават фамилијарни патувања и да кријат за тоа, исто така.
  8. Неговите најблиски соработници добиваат подароци од 325.000 евра и молчат со денови за тоа. Потоа несмасно се вадат од калта, а тој молчи.
  9. Мицкоски молчи кога исчезнува македонското знаме од институциите, тема на која претходно беше гласен
  10. Да не обезбедат 5.000 денари за пензионерите, реалниот раст ќе биде до 1.000 денари, а за некои категории 0 денари.
  11. Да сместат министерка во Владата со бугарско државјанство, а за тоа претходно да крева хистерија
  12. Министерот за внатрешни работи да не може да реши ниедно убиство во шест месеци. Грешка, едно решено од шестубиства, најлош резултат на истраги во историјата.
  13. Државата да е претворена во Див запад со масовен раст на криминалот по улиците.
  14. Да молчи пред Радев и Главчев додека тие јасно кажуваат што очекуваат од него. Потоа да снима видеа и да се чука во гради.
  15. Да се срами да го користи името Македонија, па ја нарекува нашата земја, татковината или воопшто да не ја нарекува никако.
  16. Да излаже дека нема да го користи името Северна Македонија, го користи ама скришно.
  17. Да не обезбеди учебници, иако во кампањата убедуваше дека ќе обезбеди
  18. Да фрла лопати на инвестиции од СДСМ додека државата гори. Потоа да се скрие пет дена од срам.
  19. Целосно да потфрли со реакцијата на пожарите во неготинско каде изгоре цела планина. СДСМ и граѓаните четири и пол дена порано реагираа на состојбата.
  20. Најава дека недела неработен ќе се укинува, една од најзначајните придобивки за работниците.
  21. Целосно седнување во скут на друга држава и ставање на Македонија во економско и политичко заложништво за 500 милиони евра
  22. Да си го прифати „Бехтел и Енка“, кој за него беше најкриминалниот проект во историјата
  23. Да не ги покачи платите на клучните сектори, здравство и образование, а да објаснува како тие се селеле заради лошите услови.
  24. Да имаме претседателка на држава која не знае дека доброволен воен рок се служи откако е укинат задолжителниот.
  25. Направена е паралелна координација во владата на министрите од „Вреди“, воведување на паралелизам, Мицкоски си молчи, а порано тоа беше албанизација на институциите
  26. Да оди наоколу и да се жали како Калимеро дека нема пари нема правда со буџетот, а тоа да биде целосна лага со која се манипулираат работниците дека нема да им се качат платите.
  27. Да постави заменик-министер на МВР со физичко образование. Не е ни чудо што нема ефект во истрагите. Целосен дебакл на кадровската политика во прв и втор ешалон.
  28. Да лаже дека го болат колената а да се качува на Водно за сликање секој вотр викенд.
  29. Да се зголеми цената на лебот и да не интервенираат
  30. Да се зголеми цената на струјата и да не интервенираат.

Драган Мишев

Tags: 30 дена Владаvmro dpmneПремиерот Христијан МицкоскиСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ