• Latest

30 години независност, 20 години Охридски рамковен договор – каде е Македонија!?

May 14, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

30 години независност, 20 години Охридски рамковен договор – каде е Македонија!?

May 14, 2021 12:30
in АНАЛИЗИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: СЕФЕР СЕЛИМИ

Годинава Република Северна Македонија одбележува два важни јубилеи во своето формирање како самостојна држава, 30 годишнина од независноста и 20 годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Првиот јубилеј го означува стремежот за нова перспектива за изградба на модерна држава, во духот на демократскиот бран што избувна низ целиот свет, особено надвор од железната завеса од Студената војна.

Либералната демократија како вредносен систем на управување триумфираше над различните модели на комунизам, но политичко-економската транзиција кон овој систем не се рефлектираше со иста динамика во сите посткомунистички држави. Триесет години подоцна, она што требаше да биде извор на сила и приоритет, мултиетничката разновидност, продолжува да има потенцијал да произведе конфликт и во иднина да ја држи земјата како заложник на ривалството помеѓу двете најголеми заедници.

Македонците, огромното мнозинство од нив, сè уште се водат од мислата дека Македонија е држава на Македонците. Овој менталитет кај нив произведува чувство на надмоќ кон Албанците и другите етникуми, хранејќи ги со идејата дека тие се единствените и легитимни сопственици на државата, којашто Албанците сакаат да им ја одземат. Следствено, ова го храни стравот од губење на статусот на привилегирани, произведува албанофобија, и во многу случаи, со изразени нијанси на шовинизам.

Албанците, огромното мнозинство од нив, сè уште се водат од мислата дека Македонија никогаш нема да биде праведна и еднаква држава за сите свои граѓани, без оглед на етничката припадност. Овој менталитет произведува во нив длабока недоверба кон државата, а приори очекувајќи дека во кој било важен државен процес Албанците ќе бидат или исклучени или оштетени. Следствено, ова го храни чувството на виктимизација и инфериорност и прави да се чувствуваат отфрлени, недоверливи, а во многу случаи дури и нихилистички настроени во однос на иднината на државата.

Вака како што е кратко изнесено, можеби многумина нема да се согласат и ќе произведат бескрајни контрааргументи, но овие два перципирани или вистински светогледи, се основа на политичкото делување на повеќето политички партии во Северна Македонија. СДСМ како продолжение на комунистичката партија и водена од овој менталитет, на почетокот на независноста изгради устав кој произведе конфликт во 2001. ВМРО-ДПМНЕ во генезата на своето основање имаше албанофобија, додека во 10-годишното владеење на Груевски потроши речиси 1 милијарда евра за зголемување и зајакнување на истиот начин на размислување: Македонија на Македонците. ДУИ, пак, играше улога на „заштитник на Албанците“ сите овие години, некогаш како триумфатор, некогаш како жртва. Албанската опозиција во последните 20 години, без оглед на трансформацијата и формата, беше предводена од истиот менталитет, виктимизација на Албанците од страна на Македонците. Не сакам да се занимавам со искреноста на политичките партии во овој случај, но и самите граѓани на Северна Македонија беа сведоци дека вешто успеаја да ги користат и злоупотребуваат овие умови во различни форми и модели, сите овие години.

Во оваа ситуација е тешко да се храни фактичката реалност, но тоа не значи дека не треба да има напор. Ова е реалноста, и можеби од тука треба да започнеме со поставување на темелите за широк и суштински дијалог за иднината на земјата:

· Северна Македонија е мултиетничка држава, и не е ниту на Македонците, ниту на Албанците, туку и на Македонците и на Албанците и на сите други граѓани што живеат тука.

· Македонците се доминантна етничка заедница, но половина од Северна Македонија е управувана и доминантна со Албанци.

· Албанците биле и ќе бидат витален дел од постоењето на Северна Македонија, без Албанци не постои „Македонија на Македонците“.

· Другите помали етникуми продолжуваат да бидат запоставени од двете поголеми заедници, особено во време на изборите , особено локалните.

Дваесет години подоцна, Охридскиот договор, кој требаше да произведе трајна стабилност преку меѓуетничка еднаквост во северна Македонија, беше инструментализиран од политичките партии и наместо да произведе просперитет, тој стана алатка за собирање гласови. Систематската државна дискриминација кон Албанците во Македонија го поттикна конфликтот во 2001 година, историска пресвртница која дојде со човечки и материјални последици за сите граѓани на државата. За ставањето крај на конфликтот преговараа евро-атлантските држави со вклучените страни, односно, меѓу Албанците и Македонците претставени од нивните политички партии, под покровителство на Претседателот, што резултираше со Охридскиот договор.

Овој рамковен договор ги сублимираше повеќето политички барања на Албанците, кои со текот на годините беа изнесени од политичари, интелектуалци и граѓани преку разни форми на политичко дејствување, вклучително и мирни протести кои често завршуваа со полициско насилство за да ги потиснат. Политичката и социјална трансформација на Албанците по Охридскиот договор е непобитна, но недоволна. По уставните и законските измени, Охридскиот договор стана партиски инструмент, пред сè за ДУИ, што денес ризикува да им наштети на самите Албанци и на нивната политичка и општествена организација, а пред се на албанскиот интелектуализам во Северна Македонија.

Целосното фокусирање на квантитетот и симболиката, без придавање важност на квалитетот и реалните долгорочни ефекти, стана модус операнди и менталитет на креирање политики. Политичкото делување на Албанците во Македонија денес е архаично и импровизирано, без долгорочни стратегии засновани на здрава анализа, заснована врз современи политички филозофии, кои се во согласност со предизвиците на денешницата и реалните предизвици во иднина. Политичката визија на албанските партии сè уште нема надминато над идентитарната политика, виктимизацијата, обвинувањето и вон западна Македонија.

Денес, застапеноста на Албанците во институциите е зголемено за десет пати, но во рамките на оваа застапеност доминира квантитетот наспроти квалитетот. Во јавните институции може да најдете многу Албанци, но малку од нив со ефективна работа, а уште помалку оние што имаат моќ да донесуваат одлуки. Денес има многу Албанци на чело на институциите, агенциите и јавните претпријатија, но малкумина од нив се на таа позиција поради своите професионални заслуги, а уште помалку водени од желбата за служење на јавноста. Во денешно време има вредност рангирањето во партиските списоци за вработување , а не рангирањето на јавниот конкурс. Во образованието, здравството, културата и на други места, политиката и партискиот милитантизам се шират како пожар над интелектуалниот развој и екселенција, отстапувајќи им простор на медиокритетите. Денес главниот јунак и социјалните модели не се интелектуалци, чесните и вредните граѓани, туку силните луѓе на партијата во соседството и градот. Светот не се врти околу здравиот разум, туку околу политичката сила и партиската припадност.

На триесеттиот јубилеј од независноста на Македонија и дваесеттиот од Охридскиот рамковен договор, во нашето мултиетничко општество се уште продолжува борбата помеѓу прогресивните вредности и регресивните сили, битка на чие чело стои медиокритетот на политичките претставници.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ