• Latest

30 јули: Мицкоски на гости кај Орбан и Груевски, нови закани кон Заев, попис 2020/2021, лоши ревизорски извештаи…

July 30, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

30 јули: Мицкоски на гости кај Орбан и Груевски, нови закани кон Заев, попис 2020/2021, лоши ревизорски извештаи…

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ

July 30, 2019 14:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Мицкоски денеска на тајни средби со Орбан и Груевски

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, денеска е во Будимпешта, на средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Можноста Никола Груевски да е дел од состанокот, не е исклучена. Подоцна, Мицкоски, се очекува да се сретне и со Груевски. По веста на ЦИВИЛ Медиа, дека Христијан Мицкоски ќе има тајни средби со унгарскиот премиер Виктор Орбан, како и со Никола Груевски, експресно беше објавено и соопштение за средбата. Во информацијата од ВМРО-ДПМНЕ нема ништо за предвидената средба меѓу Мицкоски и Груевски.

Нови закани кон Заев, повик за паралелна прослава во Крушево

Во пресрет на прославата за Илинден, на социјалните мрежи се множат повиците за паралелна прослава од таканаречени патриотски групи. Повици за „вистинските Македонци“  да дојдат на Мечкин Камен и да ги исвиркаат „северџаните“. Меѓу ваквите повици има и говор на омраза и јавни закани упатени кон премиерот Заев. Еден профил кој го носи името Васил Чулев бара куршум во чело за Заев.

МВР денеска соопшти дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против В.З. (67) од Скопје, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по пат на информатички систем. На 25.07.2019 година, на социјалната мрежа Фејсбук пријавениот, преку своето корисничко име, објавил коментар со заканувачка содржина кон премиерот на Република Северна Македонија. „Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне“, гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието.

Попис

„Дефинитивно не прифаќам одложување на пописот за  2021 година“, рече премиерот Зоран Заев за најавените средби со опозицијата неделава на кои ќе се разговара за Законот за попис НО, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не попуштаат и инсистираат пописот да се спроведе во 2021 година. Според пратеникот Илија Димовски законот е непрецизен, а предлагаат измени кои тој ги нарече принципиелни работи. За почеток тие немаат доверба во директорот на Заводот за статистика и затоа бараат операцијата да ја води едно тело од академици и професионалци кое ќе се бираат во Собрание.

Државниот завод за статистика утврди слабости во јавните набавки, високото образование и локалните самоуправи.

Заменик-главниот државен ревизор Насер Адеми, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет информираше дека во 2019 година има извршено ревизија на 60 институции во кои се регистрирани низа слабости.

„Очекуваме извештаите на ревизијата да не остануваат само во фиока на државните институции или пак фиоките на Собранието, туку истите да се разгледаат во посебна комисија за разгледување на извештаите и јавноста ќе може да се информира каде се потрошени јавните средства“, рече Адеми.

Флеш вести:

СЈО потврдува дека Јанева барала „форензичко бришење“ на податоците. Сепак, Јанева не ги известила кои се причините за ваквото барање, а во јавноста се очекува постапката да биде прекината, а Јанева да се повика на одговорност

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржува 148-мата седница, на која ќе се дебатира за информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.

Премиерот Зоран Заев денеска беше во посета на Куманово, на отворањето на новиот Ургентен центар, каде на новинарско прашање одговори дека е преземаат управни постапки против охридскиот советник Нефи Хусеини во врска со нападот врз професорот Илјаз Илјази, за кого остра осуда упати и здружението Еко –Герила од Тетово. Во нивната реакција се вели дека доколку не преземат итни мрки Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи и да ги казнат сторителите, без разлика на политичката поддршка што може да ја имаат тие ќе се обратат на амбасадите и меѓународната заедница.

 Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ