• Latest

33 кривични пријави за шарените револуционери

June 3, 2016

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

33 кривични пријави за шарените револуционери

June 3, 2016 15:03
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

33 кривични пријави за учесниците во Шарената револуција поднесoa денеска СВР Битола и СВР Скопје. 26 кривични пријави се однесуваат на граѓански активисти кои биле дел од протестите во Битола, а останатите 7 се дел од Шарената револуција во Скопје.

13235685_969288813189588_4360031460298483799_o
Битола, 19-ти мај 2016

“СВР Битола до ОЈО Битола на 03.06.2016 година поднесе кривична пријава против 26 пријавени лица сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела ‘оштетување туѓи предмети’, предвидено и казниво по чл. 243 ст.2 од КЗ на РМ. Имено, пријавените во периодот од 17.04.2016 год. до 27.04.2016 година во четири наврати сториле кривично дело  ‘Оштетување туѓи предмети’ врз објект – зграда на Општина Битола…”, стои во соопштението објавено денеска.

На кривичните пријави, им претходеа информативни разговори, на кои биле повикани 16 учесници на протестите, а деветмина граѓани не биле обезбедени за службен разговор.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, изминатите денови известуваше за “информативните” разговори на кои беа повикани дел од граѓанските активисти од Битола.

13316934_977659529019183_1770424899939734089_o
Скопје, 2-ри јуни 2016

Во соопштението на СВР Скопје се вели: “СВР Скопје – Единица за насилен криминал, до надлежното ОЈО Скопје поднесе две кривични пријави против седум лица, и тоа П.Б. поради постоење основи на сомнение за извршени две кривични дела ‘учество во толпа што ќе изврши кривично дело’ во деновите 18.04.2016 и 30.05.2016 година, додека лицата М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П. сите од Скопје и А.К. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за извршено едно кривично дело ‘учество во толпа што ќе изврши кривично дело’, предвидено и казниво по чл.385 од КЗ.

13308241_976138742504595_1959430862181096917_o
Скопје, 30-ти мај 2016

Како што стои во објавеното соопштение „oд страна на Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија кои биле ангажирани на обезбедување на протестот пред зградата на Министерството за култура, доставен е снимен видео материјал од одржаниот протест. Врз основа на извршениот увид во снимениот видео материјал, идентификуван е првопријавениот како учесник во толпата на одржаниот протестен собир”.

Претходно, на информативни разговори беа повикани дел од граѓанските активисти и од Скопје. Што се однесува на снимките кои се споменуваат како доказ во објавените соопштенија адвокатот Звонко Давидовиќ, изјави дека “она што го снима полицијата не е валиден доказ затоа што е неовластено снимање”.

Tags: граѓански активистиинформативни разговорикривични пријавиМакедонијаЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ