Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“
Владата усвои информација за одбивање на барањето за издавање дозвола за „Иловица“, компанијата не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација.
Министерството за економија на денешната седница на Владата на Република Северна Македонија информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје.
Латас и браќата ослободени од обвинението за случајот „Тревник“
Утрово во кривичниот суд во Скопје судијката Марија Клетничка соопшти дека Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан се ослободени од обвинението за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково во случајот „Тревник“ на СЈО. Судијката Клетничка изјави дека делото за кое се обвинуваат, според закон, не е кривично.
Таа посочи дека во вакви случаи праксата е ако потои дивоградба и во текот на кривичната постапка истата се легализира, тогаш обвинението се повлекува. Таа наведе дека не постапиле институциите. Точно е дека институциите не постапиле навреме, но за тоа постојат законски одредби кои предвидуваат прекршочни постапки.
Обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска за медиумите изјави дека СЈО стои на ставот дека во случајот има кривично дело и оти ќе поднесат жалба во која ќе го оспорат сите наводи во ослободителната пресуда.
Пресудата ќе стане правосилна кога за жалбите ќе се произнесе Апелација.
СЈО ќе поднесе жалба за одлуката за „Тревник“
Обвинителката Елизабета Јосифовска од специјалното јавно обвинителство по ослободителната пресуда за Драган Павливќ Латас и неговите браќа за бесправна градба на викендички во Зелениково, изјави дека Обвинителството ќе ја обжали пресудата за случајот „Тревник“.
„Во секој случај ќе поднесеме жалба. Тука нема дилема, бидејќи јас стојам на ставот дека обвинението беше издржано, поткрепени со доволно докази и во секој случај жалба ќе следи. Ќе се произнесеме, се надевам дека писмено изработената пресуда ќе даде и дополнителни причини од кои се раководел судот“, истакна Јосифовска.
Кривичните дела за Груевски наскоро ќе застарат
Доколку судот не го осуди Никола Груевски за случајот „Траекторија“ до крајот на октомври годинава, делото ќе застари и нема да има кривично гонење. Истото се однесува и за случајот „Тенк“. Доколку Груевски го затворат за пресудата за „мерцедесот“ во предметот „Тенк“ на СЈО, во 2024 ќе му застари извршувањето на казната, односно, за таа пресуда нема да оди во затвор. Тој е обвинет и во предметите „Насилство“ и „ТНТ“ на СЈО, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи како организатор на настаните од 27 април 2017 година.
СЈО поднесе обвинителен предлог за Груевски според членот 359 став 2 од Кривичниот законик (примање награда за противзаконито влијание) за што е предвидена затворска казна од една до три години.
Груевски делото кое му се става на товар го почнал во октомври 2012 година, а завршило во октомври 2013 година, значи дека ако до овој октомври нема пресуда за него, тој ќе биде ослободен од гонење, а процесот ќе продолжи за другите обвинети во случајот.
ДКСК ќе го проверува Рашковски
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се вклучи во случајот „Леонардо“ и ќе проверува дали генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, влијаел надвор од своите ингеренции на тендерот за безбедносниот систем на Македонска навигација.
Од Антикорупциска ќе проверат дали Рашковски навистина, како што тврдеше на прес-конеференцијата во вторникот, имал право да присуствува на состанокот со претставниците на „Леонардо“ како задолжен од Владата.
АРМ стана АРСМ
Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на Армијата и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на Република Северна Македонија.
Тоа значи, прецизира, дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат новите ознаки.
Пендаровски: Од оваа позиција не можам да предводам промена на изборен модел
Претседателот Стево Пендаровски денеска по посетата на јужната граница во Гевгелија, изјави дека од позицијата на која се наоѓа само може да поддржи иницијативи за измена на Изборниот законик во однос на намалување на бројот на изборни единици.
„Јас од оваа позицијата на која сум можам само да поддржам иницијативи во таа насока. Се разбира дека не можам да ги предводам политичките процеси во таа смисла. Јас дадов веќе едно соопштение откако неколку политички субјекти дојдоа кај мене со тоа барање, бидејќи претходно како кандидат на претходни избори јас бев за тоа и сега сум, меѓутоа оставам тие политички субјекти да ја тераат понатаму работата во соработка, колку што знам што е последна информација, со некои меѓународни организации кои се занимаваат со тоа – реформи во изборните системи во транзициските држави“, додаде Пендаровски.
Тамара не(намерно) ја утна македонската химна на приемот во Aмбасадата на САД
Инаку вчера во амбасадата се одржа прием по повод националниот празник на САД, 4 Јули. Меѓу присутните гости беа и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени…
Ангела Петровска