• Latest

4 мај низ вековите

May 4, 2018
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

4 мај низ вековите

May 4, 2018 06:38
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Светски ден на борба против астмата.

1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загинал Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 4 февруари 1872 година.

1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура, Кавадаречко, од турските банди подмолно бил убиен Пере Тошев, македонски револуционер и еден од основоположниците на ТМОРО во Битолскиот револуционерен округ и учесник во Илинденското востание од 1903 година. Роден бил во Прилеп, во 1865 година.

1928.- Роден е египетскиот државник Хосни Мубарак. Станал претседател на Египет во 1981 година, по убиството на Анвар ел Садат.

1929.- Родена е американската актерка со холандско потекло Еда фан Хемстра Хепберн, позната како Одри Хепберн, амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Играла во филмовите „Празник во Рим“ (Оскар), „Појадок кај Тифани“, „Сабрина“, „Војна и мир“, „Љубов попладне“ и други.

1970.- Американската Национална гарда убила четворица и повредила 11 студенти од Универзитетот Кент во државата Охајо кои демонстрираа против Виетнамската војна.

1979.– Во Скопје умрел Бранко Заревски, македонски поет, критичар и еден од доајените на македонското новинарство. Роден бил во Битола, на 19 ноември 1920 година.

1980.- Во Љубљана умрел Јосип Броз Тито, претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, претседател на Сојузот на комунистите на Југославија, маршал на Југославија и врховен командант на вооружените сили на СФРЈ. Роден бил во селото Кумровец, Хрватско Загорје, во 1892 година.

1993.- Република Македонија и Македонски пошти биле примени во членството на Меѓународната унија за телекомуникација – специјализирана организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.

1999.- Во Охрид умрел Трајан Мартиновски, македонски поет и есеист. Првата книга поезија што ја објави во 1982 година е „Премолчено време“, а последниот негов труд, објавен во 1999 година, е „Златен венец на спомените“. Роден бил во селото Нерези, Струшко, на 19 февруари 1951 година.

2001.- Во Скопје на 78-годишна возраст умрела Васка Илиева, една од најпрочуените пејачки на македонски народни песни. Меѓу многубројните антологиски хитови и денес препознатливи се „Мост ми ѕидале девет мајстори“, „Излегол Невен Пејо“, „Сестра моли брата за вечера“, „Судбо моја судбино“, „Сношти појдов мила мамо“, „Кој што ме чуе да пеам“, „И ние сме деца на мајката земја“, „Четворица комити“, „Кога падна на Пирина“, „Излегол Јане Сандански“, „Таму далеку на Балканот“, „Заплакало е Мариово“, „Не плачи мајко, не жалај“, „Кога се мажеше што ти се чинеше“, „Врати се мило либе“, „Земјо Македонска“… Родена била во Скопје, на 21 декември 1927 година.

2003.- Швајцарецот со индиско потекло Дани Бекман бил примен во Швајцарската гарда, единица која го чува папата, како прв нејзин припадник кој не е белец.

2005.- Најмалку 60 луѓе загинале, а повеќе од 150 биле повредени во напад на бомбаш-самоубиец во ирачкиот град Ербил.

2007.- Починал американскиот космонаут Волтер Марти Шира, единствениот кој летал во вселената со сите три типа американски вселенски бродови, трет кој ја обиколил Земјата и петти американски космонаут воопшто. (МИА)

Tags: 4 мајвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ