• Latest

5 јули: Надеж за ЕУ, реконстуркции, рочишта, УНЕСКО, социјални станови…

July 5, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

5 јули: Надеж за ЕУ, реконстуркции, рочишта, УНЕСКО, социјални станови…

July 5, 2019 16:48
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Садула Дураку стана и вицепремиер

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки од ДУИ, е назначен за вицепремиер во Владата на Зоран Заев. Одлуката за унапредување на Дураки беше донесена на вчерашната владина седница. Тој доаѓа на местото на разрешениот сопартиец Хазби Лика, кој беше министер без ресор и вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор и политички систем.

До реконструкцијата на Владата на крајот од минатиот месец, Дураки беше министер за животна средина и во оставката до премиерот Зоран Заев се пофали дека многу мали и големи проекти спроведени од страна на министерството, во време на неговото раководење со истото, ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина.

Нема одложување на затворската казна за Кочан

„Во однос на предметот од обвинителството означен како „Труст“, ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката“, соопшти Кривичниот суд.

Кочан има упатен акт да се јави во казнено-поправна установа на 17 јули на издржување на затворската казна. Тој е правосилно осуден на 4 години и 8 месеци затвор во предметот на СЈО „Труст“ за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

Заев: Очекуваме датум во октомври, проширувањето може да оди паралелно со реформите во ЕУ

Премиерот Зоран Заев очекува дека ветувањето за јасна поддршка за старт на преговорите во октомври оваа година ќе биде исполнето и оти земјава ќе  добие датум за нивно започнување. Реформите во ЕУ, смета тој, можат да бидат паралелен процес со процесот на проширување со земјите од регионот.

„Таквата одлука ќе ја потврди кредибилноста на ЕУ во регионот и ќе биде препорака за земјите со кандидатски статус да ги продолжат реформите за остварување на европските стандарди и за да се охрабрат политиките што ќе им донесат просперитет, демократија и стабилност во регионот. Ја разбираме и ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот“, истакна во своето обраќање премиерот Заев за време на работниот појадок на Самитот за Западен Балкан во Познањ.

Рот побара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија

На самитот на Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познањ германскиот министер за Европа Михаел Рот изјави дека Берлин го поддржува процесот за пристапување на сите шест земји од регионот во Европската Унија.

“Сите ние сме одговорни да обезбедиме тој процес и да заврши“, рече Рот кој побара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Почна изградбата на првата социјална зграда во Пробиштип

Почна изградбата на првата социјална зграда во Пробиштип, што треба да се изградиза 18 месеци, а во неа да се вселат 48 семејства од социјално ранливите категории. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на АД за станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски и градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска присуствуваа на официјалниот почеток на изградбата на зградата, која ќе чини околу еден милион евра.

Министерот Сугарески додава дека во соработка со АД за станбен и деловен простор оваа година ќе започнат со изградба на социјални згради и во Гевгелија, Виница, Пехчево, Свети Николе, Дебар, Велес, Скопје и Неготино

Одложено судењето за „Титаник“ за 12 август

Судечкиот совет, на денешното рочиште за случајот „Титаник“ на СЈО, во врска со изборните нерегуларности, одлучи судењето да биде одложено за 12 август.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Охрид има рок до 1 февруари 2020 да се справи со дивоградбите

„Власта до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за испитување од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година, со можност, во случај да се утврди опасност на нејзината унверзална вредност, да се вметне во листата на Светско наследство во опасност“, одлучи УНЕСКО на 43. сесија што се одржува во Баку, Азејберџан.

Главното барање на УНЕСКО е прогласување на мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација. Комитетот на УНЕСКО и наМеѓународната Унија за конзервација на пририродата потсетија на нивните препораки уште од 2013 година.

Заев и министрите ќе добијат ветинг советник

Владата треба во рок од 30 дена откако ги доби препораките на ГРЕКО, да назначи лице за интегритет кое ќе ги советува премиерот, министрите и останатите вработени да носат правилни и издржани одлуки согласно законите, моралот и етиката и на начин на кој ќе го избегнат судирот на интереси и ќе ги одвојат јавниот и приватниот интерес, изјави денеска членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Владимир Георгиев.

Турската парламентарна комисија даде зелено светло за ратификација на Протоколот за пристап на РСМ во НАТО

Парламентарниот комитет за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција даде зелено светло за нацрт-законот за Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија  во НАТО да биде ставен на дневен ред за ратификација, објави Анадолија.

На седницата се разгледале 10 нацрт-закони, од кои осум се одобриле, вклучувајќи го и Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
Ангела Петровска
Share25TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ