• Latest

500 дена од тридневната „специјална воена операција“

July 8, 2023
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

500 дена од тридневната „специјална воена операција“

July 8, 2023 10:23
in ES-PRESS-O, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕДИТОРИЈАЛ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

500 дена од тридневната „специјална воена операција“ што ја поведе воениот злосторник и диктатор, Путин. Повеќе од десет години брутална руска инвазија.

Украинците и Украинките знаат дека на слободата не може да ѝ се стави цена. Со натчовечки напор и големи жртви, со решителност и невиден хероизам, тие ја бранат својата земја од крволочниот агресор.

Изминаа цели 500 дена од почетокот на целосната инвазија од една од светските воени супер сили, членка на Советот за безбедност на ОН, против далеку помалата, слободна, демократска и суверена држава, членка на ОН. Хероизмот и високиот морал, сенародниот и нескршлив стремеж за слобода – ја направија разликата.

Стотици села и десетици градови се уништени и срамнети со земја. Илјадници цивили, меѓу кои жени и деца, подложени на тортура, силувања и брутални егзекуции. Секојдневниот руски ракетен терор низ цела Украина уништува цели станбени блокови, училишта, болници, породилишта, објекти и споменици на културата, цркви… Се спроведува вистински екоцид со далекусежни последици по луѓето и природата. Депортираа десетици илјади луѓе, украдоа 20,000 деца… Геноцид. Втор, по Гладоморот пред 90 години.

Рашистичката клика на Путин ги претвори енергијата и храната во оружје со кое се заканува на целиот свет. Неговите орди крадат сѐ што можат, од играчки за деца до машини за перење, низ домовите на Украина. И срамно бегаат секогаш кога ќе се соочат со решителниот отпор на украинските херои и хероини, предводени од херојот на нашето време, претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Украина денес е светски и историски пример дека оружената надмоќ и бројноста на армиите не се пресудни фактори во една војна, туку праведноста на каузата, моралот и храброста. Цели 500 дена, украинските граѓанки и граѓани, жени, деца и војници на одбраната, гинат за својата, но и за слободата на целиот свет.

Вистината не можеше да ја замати ни најмоќната пропагандна машинерија на светот. Фактите за грозоморните воени злосторства го потресоа и го поттикнаа светот да покаже солидарност. Денес на сите им е јасно дека „специјалната воена операција“ за „денацификација“ на Украина е освојувачка, злосторничка и геноцидна војна и напад на демократијата и слободата на Украина и на целиот свет.

И на сите им стана јасно, веројатно и на самиот архитект на злото од Кремљ, дека Украина е последната станица на рашизмот.

Најголемиот страв сега не е ниту неминовниот и срамен пораз на украинските фронтови, туку сѐ поизвесната крвава разврска меѓу ѕверовите – на нивно тло. Довчерашните партнери во злото, утре ќе се свртат еден кон друг, бидејќи тие не знаат за чест и човечност, туку само за неизмерно сурово насилство и грабеж.

Кукавичката руска солдатеска и ордата од криминалци и платеници, не можејќи да постигнат успех на бојното поле, им се одмаздуваат на цивилите и природата, и предизвикуваат глад и несигурност во светот. Но злото никогаш не може да биде посилно од човечноста. Крвничкото измачување и убиства никогаш нема да ги исплашат тие што се бранат и се борат за слобода.

Затоа, на 500-от ден од целосната инвазија на руската злосторничка орда, највисока човечка доблест, должност и чест е да се поддржи украинската борба за слобода, тој неизмерен хероизам и пожртвуваност. И ќе бидеме заедно со Украина до денот на конечното ослободување и на почетокот на обновата.

Горди сме што сме со Украина.

Слава Украïни!

#СлаваУкраїні


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: 500 денаборба за слободаруска агресијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ