Денеска е 529-ти ден од почетокот на целосната руска воена агресија против Украина. Во текот на изминатата ноќ, продолжи рускиот ракетен терор врз цивилни цели и ги загрози животите на голем број недолжни цивили, меѓу кои и жени, деца, болни и изнемоштени, и стари лица.
Нападот беше извршен со дронови и ракети од типот Калибр, Кинжал и Х-101/Х-555. Регистрирани се 70 проектили, од кои силите за противвоздушна одбрана уништија 30 ракети и 27дронови.
Сепак, голем број проектили ги погодија целите. Делумниот успех на руксиот ракетен терор се должи на доцнењето во испораката на системи за противвоздушна одбрана, кои ги ветија западните земји.
„Доцнењето во обезбедувањето системи за противвоздушна одбрана за Украина ги одзема животите на Украинците“, напиша амбасадорката на Украина, Лариса Дир.
529.Синоќа🇷🇺jа нападна целата територија на🇺🇦со дронови,ракети “Калибр” и Х-101/Х-555.Вкупно,🇷🇺лансираше 70воздушни цели-од кои силите за противвоздушна одбрана уништија 30ракети и 27дронови.Доцнењето во обезбедувањето системи за противвоздушна одбрана за🇺🇦ги одзема животите на🇺🇦 pic.twitter.com/1BwxJ9Myxu
— Larysa Dir (@dir_larysa) August 6, 2023
Јуриј Ихнат, портпарол на воздухопловните сили на Украина, изјави дека ниту една земја во светот нема такво искуство во одбивање на масовни воздушни напади како Украина.
„Воздухопловните сили се во фаза на трансформација на вооружувањето. Имаме повеќе опрема што го штити украинското небо. Тоа се системи Patriot, IRIS-T и NASAMS. И очекуваме понатамошна трансформација, имено обезбедување на авиони за Украина, модерни авиони како F-16 кои значително ќе ја зајакнат нашата воздушна одбрана и ќе им помогнат на копнените трупи“, изјави Ихнат за време на националниот телетон на United News, пренесе Укринформ.
Според изјавите на портпаролот, во тек се обуки, како и други реформи во вооружените сили на Украина, паралелно со воените дејствија.
ДЦМ