• Latest
Добро утро со Орданоски

Македонската партија покер

March 19, 2018

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Македонската партија покер

March 19, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]е чини дека, некако забрзано, се дели последната рака карти во македонската партија покер, пред почетокот на финалниот турнир закажан за, некаде, овој јуни. (Драматиката на оваа аналогија со покерот некако ми легна повеќе од, да речеме, кога би ја употребил поопуштената шаховска метафора, со црно-бели фигури, гамбити, рокади, со ловечки отворања и скандинавски одбрани…) Да, таму некаде, накај јуни, е времето кога ќе се донесуваат важните одлуки за евро-атлантската иднина на Македонија, па затоа сега е вистинскиот период кога треба влоговите да се зголемат, да се направи подготовката за играта на сè или ништо, со многу блефирање, со скриени адути низ ракави и, тука и таму, со бележени карти…

На што мислам?

На пример, дали забележувате како, за еден месец, се формираа 4-5 нови политички партии, речиси „од никаде“, како печурки по дожд?! И сите, некако, со десничарски, националистички, конзервативни, главно анти-западни, па и отворено про-руски платформи? Бреееј, што бујна демократска пролет ќе беше ова, како вчера да падна комунизмот… Низ хотелскиве сали во Скопје не можеш ни свадба, ни крштевка да закажеш од полуанонимни, но ненадејно разбудени демократи кои тргнале нови партии да промовираат!

Оваа наглост се должи и на нешто друго. Имено, по дебаклот од 27 април, по формалната демисија на Фамилијата од ВМРО-ДПМНЕ и со нејзиното (на Фамилијата) селење низ коридорите на Кривичниот суд во Скопје, политичко-кадровските промени во таа партија, очигледно, не се сосема по вкусот на разно-разни домашни и странски политички кујни. Новиот лидер Мицкоски, додуша, својски се труди да поттикнува разно-разна хистерија во јавноста, но факт е дека цело време говори оти е подготвен да седи на масата каде што се договараат реформите и да продолжи да го поддржува македонскиот про-западен, евро-атлантски пат. Човекот делува по малку панично и, така, троа усплахирено, како некој со шилец да го боде в газ.

Како и да е, сето тоа не го прави доволно кредибилен за оние кои имаат други желби и планови за Македонија. Ним им треба поголема конфузија во јавноста, далеку повеќе магла и смут, им треба „инфузија“ со „свежа крв“ на партиската сцена, нови политички говорници, страсни оратори на кои сите наши реални и имагинарни стравови ќе им бидат не само главната, туку единствената политичка храна и дневна преокупација.

Ооооо, да се разбереме, никој не очекува дека тие – боже пази – ќе достигнат некаква важна политичка релеванција; ма, неее, тие се тука само со една цел: да држат прес-конференции, да даваат изјави, да бидат викани за гости по медиуми, епохално да ни го трошат времето и енергијата и да твитаат и постираат содржини со кои ќе се пропагира крајот на (македонскиот) свет, од различни аспекти, но не за повеќе од два-три месеци од сега. Да речеме, кога во дневните вести ќе го имате Заев или Мицкоски со по една изјава, тие да дадат барем уште пет-шест други кои со својата реторика и секундажа ќе го „поклопат“ сето она што овие го кажале. Тие се тука да создаваат атмосфера, да ја потхрануваат и поттикнуваат нестабилноста, да ѝ даваат што подолготрајно ехо на пропагандата што некој друг ја мисли.

Но, не се води таа операција само од зад говорниците. Допрва се „загреваат“ силите на терен. Ете, речиси сум сигурен дека Мицкоски нема поим кој ги вади овие по 50-100 души, на различни локации, на „спонтани“ протести по повод Законот за јазиците, особено не за оние насилните, кои се собираат пред домовите на пратениците од Собранието. Неговиот проблем е што таквите сите ги мислат за вмровци, а тој, реално, нема никаква контрола врз нив и нивното однесување. Таа контрола се води од други центри.

Впрочем, не ја игра ВМРО-ДПМНЕ прв пат оваа партија покер за да не знае дека картата е курва, се извинувам што пцујам, но јас само раскажувам онака како чујам, па ако ме лажеле мене и јас ве лажам вас…

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: ВМРО-ДПМНЕпокерполитички партиипро-рускихистеријаХристијан Мицкоски
Share207TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ