ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЈО ги презема случаите на СЈО
Стручниот колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на РСМ вчера одлучиле да ги преземат предметите од СЈО. Одлуката доаѓа, откако Катица Јанева од притвор испрати полномоштво до СЈО за предметите да може да се предадат на државното обвинителство.
„Јавното обвинителство на РСМ зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Заев е подготвен за лидерска средба за Законот за ЈО, ако има потреба
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е подготвен да свика лидерска средба за Законот за јавно обвинителство, ако има потреба за тоа, но нагласи дека сепак треба да се даде шанса за решение по законски пат.
– Очекуваме од работните групи да кажат дали има потреба за лидерска средсба. Ако тие кажат јас сум подготвен. Целта е да се изнајде решение за Законот за јавно обвинителство, изјави Заев, по посетата на болницата „8-ми Септември“.
Калајџиев: Јанева не може да се однесува во стилот „после мене потоп“
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, нема овластување ниту во нормални услови, ниту пак сега кога е во притвор да ги делегира предметите од СЈО во друго обвинителство, изјави универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
Според Калајџиев, кој е дел од експертската работна група во Министерството за правда за Законот за ЈО, не постои интерес во земјава да има самостојна и независна институција за борба со корупција и оти очигледно ова е крај на Специјалното јавно обвинителство.
-Таа овие предмети ги добила со закон и мора да ги работи. Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува во стилот после мене потоп. Можеше да се избере нов јавен обвинител, но најстрашно е што за такво нешто не постои интерес. Очигледно ова е крај на СЈО, не постои интерес во земјава да има самостојна и независна институција за борба со корупција. На крај мора да признам со жалење дека СЈО е само злоупотребено за да се бутне ВМРО-ДПМНЕ од власт, вели Калајџиев.
Флеш вести
Нема потврда дека Јанева доставила оставка
Верушевски не се појави да сведочи за „Таргет-Тврдина“
Адеми: Преговорите со СОНК продолжуваат следната недела
Поднесено обвинение за загадување на животната средина од РЕК Битола
Невработеноста падна на 17,5 отсто
А. Петровска