• Latest
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

7 мај, вонредна состојба, ден 49: Северна Македонија белеши значителен демократски напредок според Фридом хаус, изборите ќе чекаат зелено светло од Комисијата за заразни болести…

May 7, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

7 мај, вонредна состојба, ден 49: Северна Македонија белеши значителен демократски напредок според Фридом хаус, изборите ќе чекаат зелено светло од Комисијата за заразни болести…

May 7, 2020 17:07
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Извештај на Фридом хаус – Северна Македонија бележи значителен демократски напредок особено во критериумите – изборен процес и независни медиуми

Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи со силен интензитет да соработува со сите чинители и да создава амбиент за постојано унапредување на демократијата и слободите во нашата земја, соошти владината прес-служба по повод најновиот извештај на Фридом хаус „Држави во транзиција“, во кој се оценува дека Северна Македонија бележи значителен демократски напредок, особено во критериумите – изборен процес и независни медиуми.

„Владата оддава признание на сите граѓани, организации, заедници, медиуми и институции кои со своите демократски капацитети и дејствија го овозможуваат демократскиот напредок на земјата и охрабрува за уште посилен ангажман во иднина“, се вели во соопштението.

Натаму се наведува дека во извештајот земјава е оценета како држава која забележала напредок во оценката за демократија во однос на минатата година, дека се нотира подобрување во изборниот процес поради добро организираните претседателски избори и подобрување во независноста на медиумите како резултат на пообјективното и поверодостојно известување.

„Во извештајот како позитивен пример за решавање на навидум несовладлив проблем е наведено решавањето на спорот помеѓу Грција и Северна Македонија (со медијација предводена од САД), кое на земјата ѝ го овозможи членството во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ“, стои во соопштението на владината прес-служба.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Дескоска: Стравот од избори ја тера опозицијата да спинува, не се точни тврдењата за Венецијанската комисија

„Интересно е да се гледа како стравот од избори и свесноста за пораз на опозицијата на нив, тера некои луѓе да спинуваат најнеписмено и најнепрофесионално дека Венецијанската комисија препорачала дека треба да поминат најмалку 60 дена по престанокот на вонредната состојба за да може да се организираат избори. Тоа едноставно не е точно“, нагласи Дескоскa.

БЕЗ ФИЛТЕР: Спотот на Наќе Чулев е плагијат, но тоа е најмалиот проблем!

Џабир Дерала: Освен што е плагијат на спотот посветен на турската итна медицинска помош, овој спот е гочлив потсетник на едно мрачно време, времето на режимот на Груевски.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 22 оздравени пациенти и тоа во Скопје -2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани – 2. На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа, како што се посочува, направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

*

Министерот за здравство Венко Филипче денеска уште еднаш повтори дека на Комисијата за заразни болести не се разговара за изборите и за изборниот процес.

На новинарско прашање дали се разгледува можноста за избори на кои инсистираат политичките чинители во државата, Филипче посочи дека заклучно со денешниот состанок на Комисијата, не станало збор на оваа тема.

*

Работна група составена од членови на Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика разгледува неколку опции како ќе се организираат градинките. Она што засега е познато е дека, со скринингот, кој ќе почне следната недела ќе бидат опфатени сите вработени во градинките.

*

Стигнаа 20 монитори, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25.000 маски N95, 100.000 хирушки маски, 750.000 пара ракавици, 10.000 заштитни очила, со што вкупната вредност на помошта од ЕУ заедно со респираторите, кои стигнаа или ќе стигнат, достигна 3,2 милиони евра, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека ќе стигнат и 20 респиратори од Норвешка и со нив и 20-те респиратори од ЕУ и 15 ги потврдивме преку УНДП има значајно зголемување на бројот на респираторни машини.

*

Во изминатите 24 часа на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти полицијата.

Во истиот период на територијата на Република Северна Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска порача дека избори ќе се организираат час поскоро, доколку состојбата со епидемијата на коронавирусот го дозволува тоа. Министерката за одбрана, која денеска беше во посета на  Неготино и направи увид на реконструкцијата на патниот правец Криволак – Пепелиште, истакна дека здравјето е пред се, а се останато е бркање политички интереси.

„Ако тоа ни го даде епидемијата како шанса, час поскоро да организираме избори, одговори Шекеринска, на новинарско прашање околу лидерската средба и датумот за избори.  На лидерската средба, нагласи таа, не треба да се лицитира со датуми, туку треба да се носат  одлуки коишто ќе бидат во полза на државата и на најголем број на граѓаните“

*

ВМРО-ДПМНЕ во однос на датум за парламентарни избори засега останува на истиот став, и како што велат, за нив најважно е здравјето на граѓаните, но лидерот на партијата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека ќе ги почекаат ставовите од лидерската средба во вторник кај претседателот Стево Пендаровски и ќе излезат со свој коментар.

„Да видиме какви ќе бидат проценките на Советот за безбедност, каков ќе биде ставот на претседателот Пендаровски па потоа може да излеземе со коментар на самата лидерска средба која ќе се случи веќе во вторник“, рече Мицкоски.

*

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари проштална средба со германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих на која е реафирмиран ставот дека за земјава од исклучително значење е градењето на пријателски односи со Сојузна Република Германија, преку искрен и доверлив пристап. 

*

Со показна вежба на специјалните единици на МВР и едноминутна почит за загинатите припадници, како и доделување плакети за дипломатскиот кор во знак на благодарност за досегашната успешна соработка и континуирана поддршка во справувањето и надминувањето на последиците од коронавирусот КОВИД-19 и на припадниците на Министерството за догогодишна успешна работа, денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје беше одбележан 7 Мај, Денот на македонската полиција.

Плакети им беа доделени на Мисијата на ОБСЕ, Делегацијата на ЕУ и на амбасадите на Хрватска, НР Кина,САД, Унгарија, Словенија и Чешка, како и на повеќе вработени во МВР.

*

Утре ќе се одржи состанок на штабот во Владата на кој ќе се вклучи и Комисијата за заразни болести. На состонокот треба да се  дискутира како ќе се одвива забраната за движење, односно полицискиот час за време на викендот. Состанок ќе има во сабота  и тогаш ќе се знае какви ќе бидат мерките за олабавување од понеделник, рече Филипче на денешната прес-конференција.

*

За денеска се закажани две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“. Во 19 часот жителите на околните згради во Скопје Север ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „WESTSIDE CONCEPT“, на театарот WESTSIDE. Додека, во 20:30 часот, во паркот во Кисела Вода, концерт ќе одржи АМОН МРА БЕНД.

СЛОБОДНА ЗОНА

Вчерашната вест од Штип звучи како да е дојдена од некое од предградијата на Кабул: запалено е 32-то возило во овој град за неполна година и пол. За да ги ставиме работите во некаков колку-толку споредлив (и, намерно, уште пошокантен) контекст, да потсетиме дека Штип е град со четириесетина илјади жители (заедно со Ново Село!), што би значело дека, да е со големина на Скопје, за изминати 500 дена би имало запалени околу 500 возила! Отрпилика, по едно дневно.

Како е можно ова никого надлежен да не го загрижува?, пишува Сашо Орданоски во колумната „Под чија заштита се палат автомобили во Штип“?

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ