Израелските служби за итни случаи проценуваат дека околу 70 луѓе загинале, а стотици се сериозно повредени, откако милитантите од Газа извршија ненадеен напад, пренесува Си-Ен-Ен.
Дополнително, 985 лица се ранети во нападите во Израел, соопшти израелското Министерство за здравство.
Во меѓувреме во Газа, најмалку 198 Палестинци се убиени, а 1.610 се повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израел започна воздушни напади врз Газа како одговор на нападот, бидејќи Нетанјаху вети дека „ќе бара огромна цена од непријателот“.
М. П.