• Latest

8 јануари: Условена дијаспора, закани и притисоци кон судии, реакции кон антисемитизмот на социјалните мрежи, ЦИВИЛ против говорот на омраза и лажните вести…

January 8, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

8 јануари: Условена дијаспора, закани и притисоци кон судии, реакции кон антисемитизмот на социјалните мрежи, ЦИВИЛ против говорот на омраза и лажните вести…

January 8, 2020 16:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Дијаспората условена – или поголем број на пријавени гласачи или воопшто нема да гласа

Спорец Предлог решението за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет за 2020 година ДИК ќе располага со 646 723 000 денари, од кои по програма 20 – Државна изборна комисија со 75 223 000 денари, а во програма 21 – Изборни активности, со 571 500 000 денари, каде најголем дел од средствата се предвидени за медиумската кампања на политичките партии, односно 233 милиони денари. Доколку има потреба ДИК од другите ставки ќе дополни за медиумската кампања до 400 милиони денари.

За доверливиот материјал предвидени се 21 милион денари, а за избирачките одбори за гласање во дијаспората, 15 милиони денари. Овие избори, во дијаспората ќе се гласа само доколку се исполни критериумот од 6 700 пријавени гласачи, односно онолку колку што имал пратеникот со најмла број гласови на претходните парламентарни избори. Доколку овој услов не се исполни дијаспората за овие предвремени парламентарни збори нема да гласа.

Осуди

Основниот кривичен суд Скопје денеска апелираше до Адвотатската комора, МВР, но и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник, во однос на изјавите на дел од адвокатите во предметот на јавноста познат како „ТНТ“, а со цел да ја заштитат независноста и непристрасноста во судското постапување.  Со осуда кон однесувањето на адвокатот Јовица Страшовски – бранител на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, во случајот „ТНТ“, кој јавно им се закани на судијата-поротник, претседателот на Основниот кривичен суд Скопје и на претседателот и членовите на Судскиот совет, се произнесе и Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Од Министерството за правда апелираа сите носители на јавни овластувања во судските постапки – судиите, адвокатите, обвинителите да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување – тоа да биде санкционирано.

Со осуда врз нападите се произнесе и Управниот одбор на Здружението на судиите повикувајќи надлежните институции да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава.

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот со реакција на антисемитските коментари на социјалните мрежи

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска преку соопштение го осудија, како што наведуваат, говорот на омраза и антисемитските коментари кои последниве денови се појавија на социјалните мрежи. Тие повикуваат на смирување на страстите и на враќање на рационалноста и меѓусебното почитување во јавниот дијалог од секој вид.

Апелираат до граѓаните, институциите и политичките субјекти да се спротивстават на ширење антисемитизам и омраза по кој било основ и активно да се вклучат во полето на културата на почит и сеќавање, образованието и истражувањето на холокаустот со цел да се разберат човековите права, но и облиците на нивно кршење.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Владата денеска на редовната втора седница донесе одлука од резервите на Буџетот за 2020 година да бидат одобрени 6.000.000 денари за помош за настраданите од пожарите во Австралија

Над 450 деца од ромски семејства во социјален ризик ослободени од плаќање партиципација за градинка, соопшти Министерството за труд и социјална политика

Протоколот за НАТО ќе се ратификува до 12-ти февруари, нема потреба од предвремена ратификација, изјави денеска Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија

Повисоки плати од следниот месец ќе добијат здравствените работници, лекари, медицински сестри и здравствени соработници и младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче

СДСМ: Близу 6,9 милиони евра кај граѓаните само за 6 месеци преку мерката Мој ДДВ, концептот Парите кај граѓаните дава резултат

Трошоците на живот во декември во однос на ноември лани се зголемиле за 0,3 проценти, а цените на мало за процент, извести Државен завод за статистика

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Стоп за говорот на омразата и лажните вести!

ЦИВИЛ нотира дека дел од политичките субјекти и медиумите под нивна контрола, не покажуваат ни минимум политичка култура, ниту покажуваат намера да водат фер и аргументиран политички натпревар. Напротив, се забележува тенденцијата да се искористи секоја можност, вклучително и во текот на викендите и празничните денови, да се истурат реки од омраза и лаги во јавната комуникација, со цел да се постигне политичка предност во изборен или во каков и да е друг контекст. Тоа е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда! – се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

МИСЛА

Не е до новинарството, до карактерот е – од корнер Зоран Иванов: Примерот е школски. Наменска уредничка услуга по нечија штапска нарачка. Во сето тоа, вчудовидувачкото е што на оваа нечесна измеќарска новинарска работа наречена „ќерка за остров“, се нафатија не некои случајни, не некои заталкани типови во новинарството. Туку возрасни, искусни, докажани, афирмирани новинарски имиња кои покажаа образ ѓон. – зборувајќи за медиумското покривање на изјавата на Зоран Заев дека во заеднички неформален разговор со Алексис Ципрас се спомнала и ќерка му.

Биљана Јордановска

во соработка Дијана Тахири, Џабир Дерала, Зоран Иванов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ