• Latest

8 јули: Честитки, обвинение, дрскост, грабеж, расипништво…

July 8, 2019
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

8 јули: Честитки, обвинение, дрскост, грабеж, расипништво…

July 8, 2019 16:25
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Заев телефонски му честитал на Мицотакис

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев му ја честиташе победата на грчкиот колега Киријакос Мицотакис.

„Имав телефонски разговор со господинот Мицотакис, претседател на Нова демократија и нов премиер на нашиот сосед и пријател, Грција. Му честитав за победата на изборите и посакав просперитет и благосостојба на нашиот сосед Грција и на грчкиот народ. Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери. Ги потврдив позициите дека Грција е наш стратешки партнер со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изразив благодарност за поддршката којашто од нашиот сосед ја добиваме за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ.

ОЈО со обвинение против Панчевски

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Основниот кривичен суд, Владимир Панчевски, за злоупотреба на службената положба и овластување за влијание врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.

Од ОЈО Скопје велат дека обвинетиот Панчевски со ставање на писмен параф од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Манојловски нема да оди на работа оти полицијата му го претресувала возилото

Пратеникот Горан Манојловски, од ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт ја напушти работата на Комисијата за труд и социјална политика, бидејќи полицијата му го претресувала возилото. По неговото заминување претседателката на Комисијата, Весна Пемова ја прекина седницата поради немање кворум.

Од МВР велат дека  полициските службеници биле поставени на позиција на кружниот тек  поради претходно извршено кривично дело, грабеж на банка во Сарај, од каде беа украдени околу 90 000  евра, при што се извршени проверки на повеќе возила меѓу кои и на пратеникот Манојловски, без притоа да знаат дека станува збор за пратеник. По извршената проверка му било дозволено да си оди без никакви проблеми.

Преку 2.000 потписи за иницијативата „Крај за расипништвото“

ЦИВИЛ денеска објави дека Иницијативата #КрајЗаРасипништвото до сега ја потпишале над 2.000 граѓанки и граѓани. Поточно, во моментот на објавување на оваа информација, својата поддршка ја дале точно 2.202 потписнички и потписници.

Организацијата на својата Фејсбук страница повика: „Споделете ја со своите пријателки и пријатели, разговарајте и коментирајте. Придонесот на секој поединец е од непроценлива вредност. ЦИВИЛ ви благодари за поддршката!“ Од Организацијата информираат дека следните чекори ќе бидат најавени во текот на месец август, а конкретни чекори ќе се преземат веднаш по завршувањето на годишните одмори на македонските народни избраници.

Д. Муратов

Share54TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ